САВА осигурување а.д, пионер во дигиталното осигурување, учесничка на Brainster Job Fair 2.0

Во рамките на Brainster Job Fair 2.0, со особена чест ја најавуваме САВА осигурување а.д. Скопје. Како друштво за неживотно осигурување присутно на пазарот повеќе од 30 години, САВА осигурување е препознатливо како модерна компанија, синоним за нови продукти.

Се издвојува како прва и единствена компанија со сопствен асистентски центар и сопствена станица за технички преглед. Како финансиски стабилна компанија, САВА осигурување пред сѐ се грижи за своите осигуреници, своите вработени и интересите на своите акционери.

Мисијата на САВА осигурување е да обезбеди континуитет во сигурноста, постојано следејќи ги сите новитети и потреби на осигурителниот пазар со цел поуспешно и поефикасно работење.



Кои вештини и квалификации сметате дека се клучни за потенцијалните кандидати во денешниот пазар на труд?

Бараме кандидати кои имаат технички вештини, во зависност од работната позиција за која аплицираат, особено да се дигитално писмени и да поседуваат меки вештини. Од меките вештини би издвоиле комуникациски вештини, фокус кон клиентот, критичко размислување и решавање проблеми, самоорганизација и управување со време. Дополнителни квалификации кои се вреднуваат во нашето Друштво се познавање на странски јазици, поседување на сертификати и спремност за континуирано усовршување преку желба за учење и професионален развој.

Како вашата компанија ја користи вештачката интелигенција во своите производи/услуги/процеси?

При оформувањето и завршувањето на процеси (каде што е тоа можно) во дигиталната комуникација со клиенти, наоѓаме примена и во процесот на е-учење (e-learning), разни типови на истражувања и дел од автоматизацијата на процеси во сите сектори/служби, особено во ИТ службата.


Направи ги првите пари онлајн со AI! Закажи инфо средба за новата AI Академија за претприемачи и креирај 5 AI продукти за 5 месеци!


Каков совет би им дале на компаниите кои штотуку почнуваат да ја истражуваат употребата на вештачката интелигенција?

Не мора да бидете технолошка компанија за да користите вештачка интелигенција (AI) – потребна е само визија, јасна цел и подготвеност за учење. AI не е магија, туку алатка – а вашите луѓе остануваат најголемата вредност.

Дали можете во три збора да ја опишете културата во вашата компанија и што најмногу ги мотивира вашите вработени?

Доверба. Посветеност. Тимска работа.

Јасна цел и смисла на работата, можности за развој и напредување во кариерата, поддржувачка работна средина и стабилност.

Дали имате некоја порака за младите таленти и студенти кои се во потрага по нова кариера или се заинтересирани за вештачка интелигенција?

Комбинацијата од технологија и човечка грижа е иднината на осигурувањето. Ако сакате да направите реална разлика преку иновации, вештачка интелигенција (AI) и дигитални решенија – нашето Друштво има место за вас.

Каков совет имате да споделите за оние кандидати кои сакаат да ја променат својата кариера?

Не плашете се од новиот почеток – најважно е да знаете зошто ја менувате кариерата. Истражете ја новата индустрија, стекнете основни вештини и поврзете се со луѓе што веќе се дел од неа. Почетокот можеби ќе бара трпение и вложување, но со јасна насока, адаптибилност и континуирано учење, успехот е достижен.

Related Stories For You


AI at Work | AI тренинзи за професионалци и компании во ерата на AI, за 25€ месечно!