Партнерска компанија на Brainster, Mikrosam, се приклучува на Brainster Job Fair 2.0, најголемиот ИТ саем кој е ексклузивен за студентите на Brainster и Brainster Next College.
Како единствена македонска компанија која 35 години е глобален лидер во роботски и автоматизирани решенија за современи композити, Mikrosam постојано ги следи најновите технолошки достигнувања. Како доказ за нивната експертиза, инженерите на Микросам изработија мулти-роботска ќелија за НАСА, наменета за производство на делови за вселенски мисии.
Mikrosam имаат инсталирано над 340 производни линии во повеќе од 45 земји, а нивни клиенти се глобални лидери во воздухопловната, вселенската, автомобилската и одбранбената индустрија.

Кои вештини и квалификации сметате дека се клучни за потенцијалните кандидати во денешниот пазар на труд?
Квалификациите и вештините зависат од конкретната работна позиција, но постојат и универзални квалитети што ги бараме кај сите кандидати. Горди сме што со добро планирање и стратегија успеваме континуирано да го зголемуваме нашиот тим. Денес, нашиот тим го сочинуваат машински, електро и софтверски инженери, технолози, како и стручњаци во администрација, сметководство и финасии, човечки ресурси, продажба, маркетинг, набавка, увоз и извоз, и секако, вработените во производството. Секој член од тимот има значаен придонес во нашата долгорочна успешна приказна.

Клучни квалитети што ги вреднуваме кај кандидатите се:
- Иницијативност и лидерски вештини
- Одлична комуникација во тим
- Способност за соработка со домашни и меѓународни клиенти
- Стратешко размислување со внимание на детали
- Квантитативни и аналитички способности
- Фокус на резултати
- Тимска определба и спортски дух
Како вашата компанија ја користи вештачката интелигенција во своите производи/услуги/процеси?
Вештачката интелигенција ја користиме како поддршка при истражување, анализа на податоци и дијагностика најмногу на програмски грешки во нашите софтвери. Тоа значително го скратува времето потребно за пронаоѓање информации и оптимизирање на работните процеси. Секој оддел користи различни алатки засновани на ВИ за да ја зголеми продуктивноста. Со оглед на специфичноста на нашите технологии и фактот дека често развиваме иновативни решенија што сè уште не постојат на пазарот, ВИ ни помага во брзо тестирање и валидација на идеи, иако секогаш правиме дополнителна проверка на резултатите.

Каков совет би им дале на компаниите кои почнуваат да ја истражуваат употребата на вештачката интелигенција?
Дали можете во три збора да ја опишете културата во вашата компанија и што најмногу ги мотивира вашите вработени?
Наш совет до компаниите што штотуку започнуваат со примена на вештачка интелигенција е да не се плашат да експериментираат. ВИ може значително да ја зголеми ефикасноста, но треба да се користи паметно, со јасно дефинирани цели и разбирање на алатките. Најдобро е да се започне со мали пилот-проекти кои можат брзо да се измерaт.
Културата во Микросам може да се опише со три збора: иновативна, тимска и инспиративна.
Најголемата мотивација за нашите вработени е гордоста што се дел од компанија која решава глобални предизвици. Работејќи со најсовремените технологии, тие учат и се развиваат во средина каде што имаат можност да придонесат за светски проекти. Со тоа што бројот на конкуренти во нашата индустрија е мал, нашите инженери се дел од мал круг на експерти кои создаваат вистинска вредност. Дополнително, Микросам преку својот Институт за роботика и композити овозможува на вработените да продолжат магистерски или докторски студии, користејќи ги ресурсите за истражување и развој.

Дали имате некоја порака за младите таленти и студенти кои се во потрага по работа или се заинтересирани за вештачка интелигенција?
Користете ја вештачката интелигенција секојдневно — но користете ја паметно. Не дозволувајте таа да размислува наместо вас. Вашите идеи, креативност и оригиналност се најважни. ВИ нека ви биде алатка која ќе ви помогне да бидете поефективни, но нека не ја замени вашата уникатност.
Каков совет имате да споделите за оние кандидати кои сакаат да ја променат својата кариера?
Промената на кариера е храбар чекор, но често многу вреден. Наш совет до сите што размислуваат да направат таква промена е: бидете отворени за учење и подготвени да почнете од почеток со трпение и истрајност. Најважно е да имате јасна визија што сакате да постигнете, и да вложите во надоградување на вештините кои ќе ви бидат потребни. Со вистинска мотивација, посветеност и отвореност за нови предизвици, секоја промена може да стане можност за личен и професионален раст.