Thrivity се позиционира како современа агенција за регрутирање чија примарна цел е успешно да ги спои компаниите кои вработуваат со талентираните поединци во потрага по нови професионални можности. Нивната мисија се протега подалеку од едноставното пополнување на работни места; тие се стремат на луѓето да им обезбедат соодветна иднина, работно место и организација каде што ќе сакаат да се приклучат, да останат и континуирано да се развиваат.
Во Thrivity, тие длабоко веруваат дека секоја успешна компанија започнува со вистинскиот тим. Затоа, нивниот пристап е фокусиран на пронаоѓање на совршената синергија помеѓу аспирациите на кандидатите и стратешките потреби на клиентите. Преку ова посветување, тие помагаат во градењето на тимови кои не само што се ефикасни, туку и долгорочно придонесуваат за раст и иновации.

Кои вештини и квалификации сметате дека се клучни за потенцијалните кандидати во денешниот пазар на труд?
Освен техничките вештини, денешниот пазар бара флексибилност, способност за учење, комуникациска интелигенција и посветеност кон остварување на резултати. Кандидатите кои знаат да размислуваат критички и се адаптираат брзо имаат поголема предност.
Како вашата компанија ја користи вештачката интелигенција во своите производи/услуги/процеси?
Освен нашиот современ софтвер, во Thrivity, вештачката интелигенција ја користиме како поддршка во процесот на регрутација: за предиктивна анализа на профили, за автоматизирање на одредени делови од селекцијата и за подобро таргетирање на кандидатите во процесот на огласување. На тој начин, процесот е побрз, поефикасен и поквалитетен, но без да се изгуби човечкиот контакт кој останува клучен во сите процеси.
Каков совет би им дале на компаниите кои штотуку почнуваат да ја истражуваат употребата на вештачката интелигенција?
Вештачката интелигенција (ВИ) не е магично решение, туку алатка која бара вистинска стратегија и јасна цел. Наш совет е: започнете со мал чекор, експериментирајте, учете и бидете отворени за промени. Важно е технологијата да се прилагоди на луѓето, а не обратно.
Дали можете во три збора да ја опишете културата во вашата компанија и што најмногу ги мотивира вашите вработени?
Доверба. Емпатија. Поддршка.
Нашата најголема мотивација се луѓето – кандидатите кои бараат вистинска шанса и клиентите кои го бараат вистинскиот човек. Ние не сме тука само за да пополниме работно место, туку да создадеме вистинска можност, да помогнеме некому да направи клучен чекор во кариерата и да бидеме партнери во долгорочен успех.
Во Thrivity, веруваме дека кога ќе му помогнеш на човек, го менуваш не само неговиот ден, туку и животот.

Дали имате некоја порака за младите таленти и студенти кои се во потрага по работа или се заинтересирани за вештачка интелигенција?
Бидете љубопитни, активни и подготвени да учите. Практичната примена на вештачката интелигенција штотуку започнува – а вашиот придонес може да направи разлика. Искористете го секој контакт, секоја можност за пракса и останете верни на вашата страст.
Каков совет имате да споделите за оние кандидати кои сакаат да ја променат својата кариера?
Кариерната промена не е слабост, тоа е зрелост. Почнете со анализа на вашите интереси и вештини, поставете јасна насока и изградете мост кон новата професија. Преку курсеви, ментори или практиканство. На крајот, тоа е инвестиција во себе што секогаш се исплати.