TaskForce е интернационална BPO (Business Process Outsourcing) компанија која обезбедува консалтинг услуги и административна поддршка за клиенти од различни индустрии, вклучувајќи здравство, логистика, осигурување, сметководство и грижа за корисници. Основана во 2015 година, компанијата е изградена врз визијата да понуди услуги со висок квалитет и да создаде работна средина во која вработените имаат можност за професионален и личен развој.
Мисијата на TaskForce е двојна – да обезбеди извонредна услуга што ќе донесе вредност за клиентите, додека истовремено гради можности за своите вработени да стекнуваат нови вештини и знаења, овозможувајќи им да растат заедно со компанијата.

Кои вештини и квалификации се клучни за потенцијалните кандидати во денешниот пазар на труд?
Во современиот пазар на труд, особено се издвојуваат јазичните и дигиталните (компјутерски) вештини. Колку повеќе јазици владее кандидатот и колку поразновидни технолошки алатки и платформи познава, толку повеќе му се отвораат вратите кон различни професионални можности – како на локално, така и на глобално ниво.
AI нема да те замени, ќе те заменат корисници на „AI at Work“!
Пакетот кои го добиваат корисниците е следен:
25 евра за 8 курсеви секој месец +
Бонус 1: Една бесплатна академија годишно за редовните корисници,
Бонус 2: Бесплатен пристап до дигитална заедница за поддршка и учење.
Како вашата компанија ја користи вештачката интелигенција во своите производи/услуги/процеси?
Вештачката интелигенција најчесто ја користиме како асистивна алатка за олеснување на секојдневните работни обврски, особено во индустриите со кои активно соработуваме.

Каков совет би им дале на компаниите кои штотуку почнуваат да ја истражуваат употребата на вештачката интелигенција?
- Избегнувајте споделување на лични податоци при користење на вештачка интелигенција.
- Не ја користете како алатка што целосно ќе ја заврши работата наместо вас – AI треба да биде поддршка, а не замена.
- Одржувајте отворен начин на размислување – живееме во време кога вештачката интелигенција е присутна во секојдневието и како компании, неопходно е да се прилагодиме на современите трендови и барањата на пазарот на трудот.
Дали можете во три збора да ја опишете културата во вашата компанија и што најмногу ги мотивира вашите вработени?
Симбиоза, посветеност и позитивност.
Дали имате некоја порака за младите таленти и студенти кои се во потрага по работа или се заинтересирани за вештачка интелигенција?
Користете ја вештачката интелигенција како корисна алатка за дополнителна едукација во областа што ве интересира и во која барате работа. Сепак, не се потпирајте целосно на AI – направете сопствено истражување, анализирајте информации од различни извори и активно развивајте критичко размислување.

Каков совет имате да споделите за оние кандидати кои сакаат да ја променат својата кариера?
Никогаш не е доцна за кариерна промена и стекнување нови вештини.
Започнете со саморефлексија – размислете што навистина ви е важно: кои услови ви се значајни во идната работна средина, кои индустрии ве привлекуваат и во каков тип на тим би се чувствувале најдобро.
Истражете ги компаниите, позициите и најбараните вештини – особено оние што се флексибилни и отворени за кандидати со различно претходно искуство. Често токму тие улоги нудат најголем потенцијал за кариерен напредок.
При аплицирање, клучно е да нагласите како вашите досегашни вештини може да се применат во нов контекст. Пример за тоа се: решавање проблеми, внимание на детали, комуникациски вештини и адаптибилност – сето тоа се трансферибилни компетенции што може да додадат вредност на секоја улога.
Секогаш прилагодувајте ја вашата биографија според конкретната позиција и објаснете како вашето претходно искуство претставува предност. Работодавците го ценат личниот ангажман, интересот за компанијата и посветеноста во процесот на аплицирање – токму тие фактори често го прават клучниот чекор кон добивање на работната понуда.