Jobs.com.mk на Brainster Job Fair 2.0 & AI Conference: напредна онлајн платформа за вработување

Jobs.com.mk претставува напреден онлајн портал, специјализиран за огласи за работа, кој нуди едноставна и исклучително функционална платформа за објавување на работни позиции. Оваа платформа, исто така, им овозможува на индивидуалните корисници ефикасно да пребаруваат и да пронаоѓаат работни места кои совршено се вклопуваат со нивните квалификации, искуство и лични интереси.

Основната мисија на Jobs.com.mk е да воспостави успешни и долгорочни партнерства помеѓу работодавците и кандидатите. Посветени сме на обезбедување квалитетни решенија и структурирани процеси кои го олеснуваат целиот процес на вработување, од првичниот оглас до финализирањето на работното место. Нашата цел е да го оптимизираме регрутирањето, осигурувајќи дека и компаниите и поединците ги постигнуваат своите професионални цели.

Кои вештини и квалификации сметате дека се клучни за потенцијалните кандидати во денешниот пазар на труд?

Самоиницијатива, самодоверба и упорност се клучни за успех. Постојаното учење нови вештини секогаш води до повеќе понуди за работа од други работодавци. Одбивањето е неизбежно во текот на барањето работа, но тие искуства можат да послужат како лекции кои на крајот ќе ви помогнат да ја постигнете посакуваната цел. На пример, пред некоја голема задача или клучно интервју, одвојте момент и запишете неколку од вашите најсилни способности и успешни вештини.

Стани незаменлив AI специјалист, AI консултант и AI имплементатор. Аплицирај денес за Практичната AI Академија!

Како вашата компанија ја користи вештачката интелигенција во своите производи/услуги/процеси?

Нашата компанија активно бара партнерства со фирми кои се лидери во користењето на вештачката интелигенција. Веруваме дека аутсорсингот нуди одлични можности за овој и други видови соработка.

Каков совет би им дале на компаниите кои штотуку почнуваат да ја истражуваат употребата на вештачката интелигенција?

Некои работни места никогаш нема да бидат заменети со алгоритми. Недостатокот од меки вештини е најголемата причина за отпуштања и лош избор на вработени, а токму тие вештини се клучни за иднината на регрутирањето и човечките ресурси. Кога зборуваме за меки вештини што се бараат од кандидатите или вработените, мислиме на оние кои се применливи за секое работно место.

Дали можете во три збора да ја опишете културата во вашата компанија и што најмногу ги мотивира вашите вработени?

Почитта, довербата и соработката се основните столбови на нашата компанија. Ние ги мотивираме нашите колеги преку транспарентност во споделувањето на целите на компанијата, вреднување на нивното мислење и активно охрабрување и поттикнување на успехот, наместо негово наметнување. Целта е да негуваме здрава и конструктивна работна средина која влева доверба кај вработените.

Дали имате некоја порака за младите таленти и студенти кои се во потрага по работа или се заинтересирани за вештачка интелигенција?

Да научат да ги наплаќаат нивните вродени и стекнати вештини и знаења.

Каков совет имате да споделите за оние кандидати кои сакаат да ја променат својата кариера?

Желбата за учење нови работи на вашето прво работно место ќе биде еден од пресудните фактори кои ќе го одредат понатамошниот тек на вашата кариера.


AI at Work | AI тренинзи за професионалци и компании во ерата на AI, за 25€ месечно!