Фанел Баст е во потрага по нови таленти кои се желни за кариерно развивање помеѓу студентите на Бреинстер и Бреинстер Некст колеџот на претстојниот саем за вработување.
Фанел баст е маркетинг агенција за генерирање на лидови. Основана за време на пандемијата, компанијата ја направи транзицијата од евент-маркетинг бизнис, кој не можеше да опстои во новите услови, во успешна маркетинг агенција. Иницијативата за промена произлезе од решеноста да се задржи она што добро го правеа – комуникацијата и работата со клиенти. Агенцијата започна во мало градче во Англија, а денес има две канцеларии, една во Петерборо и една во Скопје, со повеќе од дваесет вработени.
Според Елена Спасовска, менаџерка на тимот во Скопје, она што ги издвојува од конкуренцијата е тоа што иако тимот работи in-house, користи outsourcing системи за да биде ефикасен и конкурентен. Во интервјуто, Спасовска споделува за значењето на саемот за вработување и за одговорноста што компаниите ја имаат кон младите ИТ таленти во земјата.
Здраво Елена, ти благодариме за учеството на овој блог! Можеш ли да ни кажеш малку повеќе за твојата улога во компанијата и како изгледа еден типичен работен ден?
Во Македонија имаме 3 тима, па работниот ден знае да ни биде доста динамичен, но во тоа е убавината. Работам повеќе од 20 години и обожавам да решавам различни проблеми – од тука ја црпам енергијата. Го водам тимот на Македонија и мојот ден вклучува кафе со колегите, шегување, организирање, состаноци, разменување идеи, но и постојана комуникација со колегите од Велика Британија.
Понекогаш цел ден поминува во работа на една задача: изнаоѓање решенија, технички состаноци, разговор за кампањи или интервјуа со потенцијални кандидати.
Што е уникатно за вашата компанија што ја издвојува од другите во индустријата?
Иако работиме in-house, користиме иновативни решенија кои ни помагаат да бидеме ефикасни и да можеме да растеме.
Вреднуваме лојалност, трудољубивост и различност, а нашите клиенти ја почитуваат нашата транспарентност. Исто така, правиме промени во рок од неколку часа и свесни сме позитивното влијание од брзиот фидбек.
Местата на сите академи се пополнети! Приклучи се на листата на чекање денес и ПРВ/А дознај доколку се отвори повторно можност за упис на некоја од Brainster+ Академиите.
Честитки! Вашата компанија е една од 50-те компании поканети да учествуваат на Саемот за вработување на Бреинстер. Што ве мотивираше да присуствувате на овој настан?
Нашата визија и мисија е да бидеме општестевно одговорни и да им помогнеме на потенцијално заинтересираните студенти да станат наши колеги и со тоа да научат повеќе за е-мејл маркетинг. Фактот што во компанијата имаме неколку вработени кои работат повеќе од пет години е уште еден повод да бидеме дел од настанот и да покажеме што знаеме.
Според вас, какво влијание имаат ваков тип на настани врз ИТ индустријата/екосистемот?
Тие имаат одлично влијание и помагаат помали компании да се запознаат со пазарот. Исто така, кандидатите имаат можност да се запознаат со компани кои се иновативни и еволутивни.
Можете ли да го опишете идеалниот кандидат кој се надевате дека ќе го сретнете на саемот за вработување?
Се надеваме дека ќе сретнеме комуникативни луѓе, кои сакаат да научат нови работи, не се плашат да погрешат и во исто време се желни да растат кариерно, но и како луѓе.
Каков совет би им дале на студентите кои се заинтересирани да аплицираат за позиции во вашата компанија на саемот за вработување? Некој совет за добар впечаток и самопрезентација?
Никогаш не знаете што носи иднината и да не треба да се плашите да направите промена и да влезете во непознатото.
Го зборувам ова од лично искуство, бидејќи по десет години работа во банкарскиот корпоративен свет решив, да направам промена и да работам за стартап кој прерасна во компанија со 300 вработени.
Колку повеќе работите на себе, толку повеќе добивате. Ова време ни овозможува да научиме и бидеме најдобра верзија од себе.
Настанот е организиран од Brainster во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, имплементирана од организацијата Унапредување на економиите за посилни заедници, во партнерство со Младински образовен форум (МОФ) и Центарот за претприемачи и развој на менаџери (CEED Hub) Скопје. Мислењата изразени на оваа веб страница им припаѓаат на авторите/„Brainster“ и не ги изразуваат ставовите на УСАИД или на Владата на Соединетите Американски Држави (САД).