Frontwise Group е регрутерска компанија која успешно оперира на европскиот и азискиот пазар. Клиентите со кои соработува доаѓаат од различни индустрии, меѓу кои ИТ, финансии, маркетинг, обновлива енергија и други. Она што навистина ја издвојува компанијата е нејзината култура –Frontwise Group е препознатлива по својот инклузивен пристап, поддршката на диверзитетот, заложбата за еднаквост и чувството на целосно припаѓање.
Работата на регрутерите, особено во агенциски контекст, игра клучна улога во градењето и одржувањето на здрави меѓучовечки односи – со кандидати, клиенти и внатрешниот тим. Мисијата и целта на Frontwise Group се тесно поврзани со успехот што го носат на своите клиенти, но и со вредностите што ги градат и негуваат како организација – создавање позитивно и значајно искуство како за своите колеги, така и за кандидатите со кои работат.

Кои вештини и квалификации сметате дека се клучни за потенцијалните кандидати во денешниот пазар на труд?
Потенцијалните кандидати на денешниот пазар на труд треба да покажуваат упорност, истрајност и искреност. Пазарот на труд често знае да биде динамично и предизвикувачко поле, но на крајот на денот сите сме насочени кон една заедничка цел – да се постигне идеален спој помеѓу човекот и компанијата.
Како вашата компанија ја користи вештачката интелигенција во своите производи/услуги/процеси?
Вештачката интелигенција веќе е длабоко вградена во речиси секоја сфера од современото живеење – и, наједноставно кажано, нема назад! Затоа и ние се прилагодуваме на новите технологии и алатки што ги носи современото време, со цел да останеме релевантни и подготвени за иднината.
Во процесот на регрутација, вештачката интелигенција секојдневно ни дава значајна поддршка. Најчесто, тоа се однесува на поефикасно пронаоѓање на кандидати и забрзување на процесот на градење и одржување на базата на податоци.
Сепак, не секогаш може да се имплементира AI, бидејќи значителен дел од нашата работа сè уште бара директен, личен контакт – тет-а-тет комуникација која не може целосно да се замени со технологија.
Каков совет би им дале на компаниите кои започнуваат да ја истражуваат употребата на вештачката интелигенција?
Не плашете се да експериментирате, но не се ни форсирајте по секоја цена да постигнете успех. Не секој сегмент од секоја функција може – или треба – да биде подобрен со вештачка интелигенција, барем не во овој момент.
Следете ги трендовите, набљудувајте што се случува на пазарот и пристапувајте внимателно и стратешки.

Дали можете во три збора да ја опишете културата во вашата компанија и што најмногу ги мотивира вашите вработени?
Диверзитет, инклузивност и успех – три вредности што стојат во срцето на нашата работна култура. Она што најмногу нè мотивира е позитивната и продуктивна работна атмосфера, каде што комуникацијата секогаш е на прво место.
Нашиот принцип на отворена и транспарентна комуникација нè има поштедено од непотребно трошење време и ресурси, а воедно донел значителен успех – како во рамки на тимот, така и во соработката со нашите клиенти.
Дали имате некоја порака за младите таленти и студенти кои се во потрага по работа или се заинтересирани за вештачка интелигенција?
Исто како и со компаниите, така би било и со поединци. Следете ги трендовите но не потпаѓајте под секоја нова идеја. Светот на вештачката интелигенција се развива многу брзо – самиот тој факт е „нож со две острици“. Пробувајте, експериметирајте, тестирајте но не брзајте!

Каков совет имате да споделите за оние кандидати кои сакаат да ја променат својата кариера?
Истражете го пазарот темелно. Разговарајте со луѓе кои веќе работат во областа во која сакате да преминете. Слушајте подкасти, гледајте едукативни видеа и искористете ги сите онлајн ресурси што можат да ви помогнат да ја разберете струката.
Направете сè што е во ваша моќ однапред, за да можете да донесете информирана и сигурна одлука.
И најважното – прашајте се себеси: Дали навистина го сакам ова? Тоа е прашањето што најмногу вреди.