ЕСИ го носи 18-годишното HR искуство на Brainster Job Fair 2.0 и AI Conference

Во време кога пазарот на трудот постојано се менува, вистинското поврзување меѓу работодавачите и кандидатите е поважно од кога било. Токму затоа, ЕСИ – Employment Services International со гордост учествува на овој Brainster Job Fair 2.0, носејќи 18 години искуство во посредување, развој и управување со човечки ресурси.

ЕСИ е приватна агенција за вработување која веќе речиси две децении ги поддржува компаниите и кандидатите во градењето успешни професионални приказни – како во Македонија, така и на меѓународно ниво.

Нивната експертиза опфаќа:

  • Времено вработување – флексибилни решенија за современите компании
  • Посредување при вработување – пронаоѓање на вистинскиот кандидат за вистинското работно место
  • Кадровски и HR услуги – професионална поддршка во сите аспекти на човечкиот капитал

Присуството на ЕСИ на Саемот не е само формално; тие се тука за да слушаат, советуваат и поврзуваат. 

На штандот на ЕСИ, студентите на Brainster и Brainster Next ќе можат:

  • Да добијат совет од искусни HR консултанти
  • Да аплицираат за отворени работни позиции
  • Да дознаат како ЕСИ може да им помогне во нивната професионална иднина
  • Да воспостават директен контакт со тимот на ЕСИ

Кои вештини и квалификации сметате дека се клучни за потенцијалните кандидати на денешниот пазар на труд?

Во свет каде што технологијата брзо се менува, највредни стануваат луѓето кои умеат да се движат со промените. Техничките знаења се темел, но токму меките вештини како слушање, соработка, прилагодување и разбирање на поширокиот контекст се она што те прави клучен играч во секој тим.


Направи ги првите пари онлајн со AI! Закажи инфо средба за новата AI Академија за претприемачи и креирај 5 AI продукти за 5 месеци!


Како вашата компанија ја користи вештачката интелигенција во своите производи/услуги/процеси?

Вештачката интелигенција ја користиме како поддршка во различни делови од нашето работење, особено во дигиталниот маркетинг, изработка на огласни кампањи и прецизно таргетирање на кандидати. Со помош на АИ алатки интегрирани во социјалните мрежи, успеваме да ја оптимизираме регрутацијата и да ги направиме процесите побрзи, поефикасни и попрецизни.

Каков совет би им дале на компаниите кои штотуку почнуваат да ја истражуваат употребата на вештачката интелигенција?

Нашиот совет е да ѝ пристапите на вештачката интелигенција со отворен ум. Наместо да ја гледате како закана, третирајте ја како алатка што може да ги оптимизира вашите процеси и да ја зголеми ефикасноста. Образувајте го тимот, започнете со мали тестирања и насочете ја технологијата кон поддршка на луѓето – не нивна замена. Почнете од вчера, не од денес!

Дали можете во три збора да ја опишете културата во вашата компанија и што најмногу ги мотивира вашите вработени?

Лојалност, интегрираност и вредност.

Дали имате некоја порака за младите таленти и студенти кои се во потрага по работа или се заинтересирани за вештачка интелигенција?

Не мора да си експерт за да почнеш! Не чекај да те „собере“ по патот. Оди напред, читај, учи, расти и истражувај. АИ не е само за програмери – таа е тука за секој што сака да учи, твори и напредува. Најважно е да си љубопитен и храбар! Грешките се дел од патот кон успехот, а искуството доаѓа преку акција. Вештачката интелигенција се развива брзо и ако ја прифатиш како алатка за учење и подобрување, ќе бидеш чекор пред останатите.

Каков совет имате да споделите за оние кандидати кои сакаат да ја променат својата кариера?

Кариерата не е права линија. Понекогаш најголемите можности доаѓаат кога ќе излеземе од нашата комфорна зона. Истражувајте, вложувајте во нови знаења и бидете отворени за улоги кои можеби не сте ги разгледале досега. Токму „некомотното“ искуство најчесто води кон вистински раст и исполнување.


AI at Work | AI тренинзи за професионалци и компании во ерата на AI, за 25€ месечно!