Дигиталната агенција DEPT®, на ИТ саемот за вработување на Бреинстер, на 4ти јуни, е во потрага по нови вработени помеѓу студентите на Бреинстер и Бреинстер Некст колеџот. Студентите ќе се поврзат со глобална агенција со скоро 30 годишно постоење. Како дел од нивните партнери, во богатото портфолио, се вбројуваат Meta, Microsoft, Amazon, Google и Salesforce. Како софтверска компанија, DEPT® им помага на брендовите да бидат напредни во конкурентниот дигитален свет.
Интернационалната компанија располага со 4000 вработени низ светот, а на саемот ексклузивно и студентите на Бреинстер ќе имаат можност да бидат регрутирани. Учесниците на настанот ќе се запознаат со развиена агенција во чиј фокус се e-commerce индустријата, невладини организации и финансиската индустрија.
Александар Стевановски, кој работи како регрутер во DEPT® им посочува на студентите од Академијата зошто треба да се поврзат токму со DEPT® на саемот и како треба да изгледа апликацијата на еден кандидат.
Здраво Александар, ти благодариме за учеството на овој блог! Можеш ли да ни кажеш малку повеќе за твојата улога во компанијата и како изгледа еден типичен работен ден?
Во DEPT® работам како регрутер последните 2,5 години. Најпрво започнав на позиција каде што иницијално работев на проширување на tech департманот во македонската канцеларија. Потоа решив да се специјализирам во регрутација на data и digital marketing позиции на ниво на Европа.
Колку и да звучи клише, сепак е многу точна реченицата: ,,Секој ден е различен и со нови и различни обврски”. Постојат денови исполнети само со интервјуа, постојат и денови кога се работи на креирање стратегии и осмислување на нови, подобри процедури. Какви обврски и да имаш, сите вклучуваат доста комуникација и работа со луѓе 🙂
Што е уникатно за вашата компанија што ја издвојува од другите во индустријата?
Иницијално, самата структура на компанијата којашто дозволува вработување на луѓе од IT, data, дигитален маркетинг и дизајн сфери во индустријата и заедничкото работење на клиенти. Друга работа којашто би ја навел е големината на самите проекти и клиенти за глобални имиња како Philips, GANT, Smart, Meta, Netflix и др.
Местата на сите академи се пополнети! Приклучи се на листата на чекање денес и ПРВ/А дознај доколку се отвори повторно можност за упис на некоја од Brainster+ Академиите.
Честитки! Вашата компанија е една од 50-те компании поканети да учествуваат на Саемот за вработување на Бреинстер. Што ве мотивираше да присуствувате на овој настан?
Самата иницијатива на Бреинстер да собере толку многу млади и амбициозни луѓе кои стремат кон раст на едно место е супер причина за присуство. Очекувам многу средби не само со потенцијални наши идни колеги, туку и супер дружба и мрежење со другите компании на саемот.
Според вас, какво влијание имаат ваков тип на настани врз ИТ индустријата/екосистемот?
Мислам дека апсолутно треба да има се повеќе и повеќе настани од ваков тип бидејќи верувам дека е начин да дојде до доближување на што е тоа што го бара пазарот и што се нуди. Верувам дека и дека еден обичен муабет со регрутер или вработен во било која од фирмите присутни на саемот може да им ги прошири хоризонтите на сите заинтересирани за приклучување кон некоја од компаниите или пак да разбуди храброст за некоја поинаква иницијатива. Можеби и насочување кон некоја нова технологија.
Можете ли да го опишете идеалниот кандидат кој се надевате дека ќе го сретнете на саемот за вработување?
Мислам дека идеален кандидат како персона е доста релативна работа во зависност за каква позиција и сениоритет станува збор. За каква и позиција да се работи, според мене постојат неколку најбитни фактори што можат да придонесат секој кандидат да е подобар од другиот во еден интервју процес:
1. Каков е пристапот кон решавање проблеми?
2. Како до самонадоградба?
3. Интересот кон специфична област и секако
4. Истражување
Каков совет би им дале на студентите кои се заинтересирани да аплицираат за позиции во вашата компанија на саемот за вработување? Некој совет за добар впечаток и самопрезентација?
Би сакал да им посочам на сите заинтересирани да аплицираат за позиција во DEPT®. Не постои еден и единствен начин како до поуспешна апликација бидејќи може да се случи неколку регрутери да гледаат на една апликација од повеќе различни гледишта. Битно е апликацијата да е едноставна, насочена конкретно кон позицијата за којашто кандидатот аплицирал и секако најбитно – пријателски разговор.
Настанот е организиран од Brainster во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, имплементирана од организацијата Унапредување на економиите за посилни заедници, во партнерство со Младински образовен форум (МОФ) и Центарот за претприемачи и развој на менаџери (CEED Hub) Скопје. Мислењата изразени на оваа веб страница им припаѓаат на авторите/„Brainster“ и не ги изразуваат ставовите на УСАИД или на Владата на Соединетите Американски Држави (САД).