Невролидерство е мека вештина за која во глобални рамки има сè поголем интерес. Се смета дека нејзиното совладување им дава значителна предност на кандидатите при вработување.
За да ги доближи овие знаења, Brainster го ангажира меѓународниот експерт Александрос Психогиос, кој ќе го води курсот Brain-based Leadership: The Neuroscience Behing Leading People во рамките на програмата Brainster+. Курсот има за цел да ги пренесе најновите методи и откритија од невронауката за менаџирање луѓе, и со тоа ги подобри лидерските вештини во секој индивидуалец: ефикасно справување со промени и предизвици во професионалната средина.
Тој има навистина богато професионално портфолио со 25 години работно искуство. Се школувал на неколку престижни универзитети низ Европа како Универзитетот во Атина, Универзитетот во Јорк и Универзитетот во Варвик каде и го направил својот докторски труд. Во моментов работи како професор нa Loughborough Business School, Loughborough University каде предава Организациско однесување и Менаџмент на човечките ресурси.
Прочитајте го разговорот со професорот Александрос Психогиос за да ја откриете поврзаноста на невронауката и лидерството.
Што ве инспирираше да го создадете овој курс и каква експертиза носите како PhD професор во областа на невронаука и лидерство?
Прекрасната природа на невронауката и нејзините напори да се истражи работата на човечкиот мозок беа мојата главна инспирација за да се создаде овој курс. Невронауката створи нов начин на толкување на човечкото однесување. Оттогаш, лидерството е пред сè однесување кое е под постојано влијание на новите научни методи.
Моето 25 годишно истражување како професор, како и моето цврсто разбирање на лидерството во рамки на организациите, беа главните водичи во мојата експертиза. Поради тоа, ја донесов оваа програма. Ова долгогодишно искуство ме донесе до тоа да развијам и тестирам одредени идеи благодарение на ефективноста на лидерството. Овие идеи ги зборувам и предложувам во самиот модул.
Како курсот ги спојува приниципите на невронауката со развојот на лидерството и какви уникатни стратегии нуди на лидерите?
Модерната невронаука е релативно ново научно поле кое го донесе новото знаење за тоа како мозокот работи на првите фронтови. Лидерството не е ново поле на истражување, напротив, баш е старо. Без оглед на тоа, сè уште постои потреба од нови примери и идеи кои можат да им помогнат на младите менаџери/лидери да станат многу поефективни.
Невронауката е клучно поле кое може да понуди нови идеи за лидерство. Некои од овие идеи се наоѓаат и во самиот курс кои таргетираат кон помагање на професионални менаџери и лидери да го водат/контролираат своето однесување и стил кон својот тим. Поспецифично, идеите кои се дискутирани во овој курс се поврзани кон размислување, емотивни и хабитални апсекти на мозокот и како овие меѓусебно поврзани елементи можат да го направат лидерот поефективен/подобар.
Како разбирањето на мозокот може да ја подобри ефективноста на лидерството и организацискиот перформанс?
Еден типичен пример е поврзан со можноста на мозокот да анализира голем број на информации. Она што знаеме е дека човечкиот мозок може да анализира околу 7 информации паралелно. Надминувањето на овој број би креирал збунетост/конфузија и мозокот би прешол од фазата на анализа во фаза на парализа, што не би помогнало да се остварат брзи одлуки. Затоа, клучна идеја е тоа дека лидерите треба да пробаат да ги обликуваат информациите и да им помогнат на вработените да се фокусираат само на клучните информации потребни за да се оствари соодветен перформанс.
Дополнително, во овој модул некој може да пронајде идеи за тоа како да ги земе предвид емоциите (позитивни и негативни), што му треба на мозокот за да остане мотивиран за long-term effort, како ние можеме да ги нагласиме мозочните автоматизации со цел да креираме корисни рутини кои се соодветни за нашите дневни перформанси и многу друго.
Курсот Brain-based Leadership: The Neuroscience Behind Leading People e достапен на сите Brainster+ Академии БЕСПЛАТНО! Провери достапност и избери #1образование што вработува.
Кои се главните придобивки или вештини кои студентите би ги стекнале кога ќе го завршат курсот и како може да им помогнат понатаму?
Некои од придобивките се поврзани со:
- Проблематиката на когнитивното размислување, како што е фокусот на перформансот и давањето објаснувања;
- Проблематиката на емоционалната состојба, како влијанието на емоциите во процесот на ангажирање и мотивирање на луѓето да перформираат подобро, дури и да го променат нивното однесување;
- Проблематиката на brain-automations, како тригери кои можат да им помогнат на луѓето да креираат нови и корисни рутини за да ја вршат својата работа правилно.
Во пејзажот форимиран од AI и постојаната неизвесност, кои стратегии би ги препорачал на професионалците да ги присвојат за да останат релевантни?
Вистината е дека AI веќе донесе голема промена во начинот на кој размислуваме и се однесуваме во организациите. Овој нов развој во релација со зголемената комплексност на денешниот бизнис свет покажува дека мора да бидеме почовечни од било кога. Во овој поглед, во ера во која доминира AI и постојаната промена, да се остане релевантен како лидер бара комбинација на адаптабилност, постојано учење и голем фокус на уникатните човечки вештини.
Ова се моите 7 навики кон кои лидерите/менаџерите/професионалците треба да се насочуваат:
Постојано учење
Да бидеш информиран за напредоците во своето поле и другите полиња поврзани со тоа. Инвестирај време во изучување на нови вештини и знаење, било тоа преку формалното образование, онлајн курсеви, работилници или self-study.
Human-centric вештини
Додека AI се истакнува во задачи поврзани со анализа на податоци и автоматизација, таа често опаѓа на полиња кои бараат емоционална интелигенција, креативност, емпатија и критичко размислување. Овие уникатни човечки карактеристики треба да ги негуваме, бидејќи тие веројатно ќе станат сѐ повредни на работното место.
Адаптабилност
Биди спремен на промени и да пивотираш кога тоа е потребно. Развивај growth mindset што ги прифаќа предизвиците како можности за учење и раст.
Прифатете AI
Наместо како закана, научи да ги искористуваш капацитетите на AI за да ја подобриш својата работа. Препознавај ги задачите кои можат да бидат автоматизирани или подобрени од AI. Искористувај ги овие алатки за да ја зголемиш својата ефективност и ефикасност.
Силна мрежа
Чувај ги односите меѓу врсниците, менторите и експретите кои се во и надвор од твојата индустрија. Вмрежувањето може да обезбеди вредни гледишта, поддршка и шанси за соработка и кариерно унапредување.
Лидерски однесувања
Дополнително во однос на техничката експретиза, потребно е сè повеќе да ги цениме и развиваме однесувањата кои се фокусираат на меките вештини како комуникацијата, лидерството, тимската работа и адаптабилноста.
Фидбек и само-рефлексија
Редовно барај фидбек за твојот преформанс и полињата во кои може да се напредува. Вложувај во само-рефлексија за да ги препознаеш своите силни и слаби страни.
Технички и меки вештини, која е формулата за успех?
И двете се многу многу важни. Сепак, имајќи ја доминантната улога на AI и способноста што оваа технологија ја има за да замени технички работи што луѓето обично и ги правеа, акцентот треба да биде на меките вештини кои AI тешко може да ги замени. Меките вештини се поврзани со лидерството во целост, а особено способноста да се комуницира, соработува и споделува информации на работното место.
Какво беше вашето искуство досега, работејќи со Brainster на развивање на Brainster+?
Без размислување, беше фанатастично искуство! Во моите 25 години кариера, сум посетил стотици компании и сум разговарал со многу (всушност премногу) менаџери, извршни директори, и други лидери. Сепак, многу малку компании биле вистински импресивни. Brainster е во моите топ 3!!! Одличен калибар на луѓе, отворен mindset, иновативни идеи и пред сè испирирачко лидерство! Ова се примерите кои ни се потребни во бизнис светот со цел да станеме подобри. Се надевам дека мојата соработка со Brainster ќе биде уште поефективна во блиска иднина.
Ете, Александрос ни раскажа што се ќе можете да пронајдете на неговиот курс. Ваквите вештини не може да ги замени AI, а ќе ве направат поконкурентни на пазарот на труд. Како што вели тој, не заборавајте да посветувате време на себе и да учите нови вештини.