Според Форбс, една од најплатените и најпросперитетните професии за оваа година е Data Scientist!
Технолошката индустрија брзо се развива и влијае на речиси секој аспект од работата, секоја индустрија и нашиот секојдневен живот. Не покажува знаци на забавување, особено со напредокот на вештачката интелигенција кој претставува вистински крик во општеството и технологијата. Бидејќи ИТ секторот е толку широк, има многу простор да се истражат потенцијалните патеки за кариера.
Со подемот на технологијата, на пазарот се појавуваат сѐ поголем број на нови работни позиции. Во IT- светот, моментално најпопуларни позиции се: Data Scientist, Software Developer, Quality Assurance Tester, Full-stack, Front-end и Back-end програмери.
Во овој текст ќе се фокусираме да ја објасниме професијата Data Scientist, обврските, платата, значењето на оваа професија итн.
Кои се обврските на еден Data Scientist?
Data Scientist-от е како дигитален детектив. Toj користи алатки, алгоритми и машинско учење за да открие значајни информации од сурови или необработени податоци. Работни обврски на секој Data Scientist се:
- Собира податоци од различни извори
- Ги подготвува, категоризира и процесира податоците
- Ги моделира податоците – развива алгоритми и модели за машинско учење
- Машинско учење – кое го користи за да открие скриени информации од податоците и да прави предикции визуелизација на податоци – прикажување на податоците преку графици, пити, инфографици и анимации
- Комуникација – споделување резултати преку визуeлизации.
Колкава е платата на еден Data Scientist?
Според Forbes, една од најплатените професии во првата половина од 2024. година е Data Scientist. Во прилог може да направиме кратка анализа на податоците кои важат на територија на Соединетите Американски Држави потврдени од U.S. Bureau of Labor Statistics (BLS) и Payscale.
Плата: Data scientists зарабoтуваат помеѓу 34 и 41 долар / на час
Потребно образование: Се препорачува диплома од областа на Data science, компјутерски науки, информатичка технологија, статистика, математика и сродни науки.
Преглед на кариера: Data Scientists ги користат нивните математички и статистички вештини за да ги анализираат податоците и да откријат информации што може да ги користи организацијата. Тие, исто така, развиваат алгоритми и модели за предвидување на исходите врз основа на реални и примероци на податоци.
Местата се пополнети! Приклучи се на листата на чекање денес и ПРВ/А дознај доколку се отвори повторно можност за упис на Brainster+ Академијата за Data Science
Зошто е важна професијата Data Scientist?
Data Science е важна во секојдневното извршување на работа и задачи. Преку различни примери можеме да ја забележиме важноста на оваа наука во општеството:
- Оваа област може да им помогне на бизнисите подобро да ги разберат своите клиенти за да можат да ги подобрат интеракциите со нив и да ги прилагодат нивните понуди за маркетинг или производи.
- Преку анализа на податоците, организациите можат да ги идентификуваат областите каде што има потреба од подобрување, со што ќе се поттикне целокупниот раст и развој.
- Организациите кои користат податоци можат подобро да одговорат на потребите и желбите на клиентите, помагајќи им да бидат пред нивната конкуренција.
- Сознанијата водени од податоци се сигурни и може да се користат за информирање на нови иницијативи, како и за мерење на нивниот успех.
Ако те интересира работа со податоци, нивна анализа и употреба во технологијата, Data Scientist е вистинската професија за тебе. Патот до успехот ќе биде загарантиран преку Академијата за Data Science на Brainster, каде ќе можеш практично да го употребуваш своето знаење додека учиш од одлични предавачи и експерти, работејќи на реални проекти, хакатони и вежби.