Преминот од академија во професионалниот свет може да биде предизвик за многу студенти. По завршената едукација, студентите се соочуваат со барањата на пазарот на труд, процесите на интервјуа и динамиката на работната средина. За да се олесни овој премин, Brainster воведе Кариерен модул, е внимателно дизајниран модул да ги вооружи студентите со вештини, знаења и искуства кои се неопходни за нивниот професионален успех. Овој модул е клучен за мостот помеѓу академијата и корпоративниот свет, обезбедувајќи подготовка која ги прави студентите не само подготвени, туку и сигурни за нивниот пат во кариерата.
Модулот за кариера на Brainster е внимателно структурирано учење кое ги опфаќа сите аспекти на професионалната подготовка, од практично искуство до стручни совети кои ќе им помогнат на студентите да се интегрираат во реалниот свет на работа. За таа цел, соработуваме со надворешните експери Виктор Пеевски и Изабела Шкоф како кариерни советници кои ги поддржуваат студентите со совети и насоки.
„Hiring сесијата на Brainster е клучна за студентите бидејќи им помага да се поврзат со потенцијални работодавци, да ги разберат трендовите во индустријата и да ги увидат очекувањата кои ги имаат комапниите“. – Изабела Шкоф, Euroguidance ambassador and GCDF сертифициран кариерен советник.
Како Кариерниот модул те подготвува за кариера?
- Практични информации за пазарот на труд:
Студентите имаат шанса да научат што бараат работодавците и како да се подготват за работа преку сесиите со HR експерти и претставници од тимот „Партнества“. - Подготовка за интервјуа:
Практичните интервјуа со студенти од HR Академијата им помагаат на студентите да ја усовршат својата способност да се презентираат пред потенцијални работодавци, добивајќи повратна информација која е клучна за нивниот напредок. - Развој на CV и LinkedIn профил:
Студентите добиваат насоки за креирање и унапредување на свои професионални профили, што е неопходно за привлекување на внимание од работодавци. - Изградба на самодоверба и меки вештини:
Комуникациските вештини и презентацијата се клучни за успех во корпоративниот свет. Овој модул им помага на студентите да развијат самодоверба и да се подготват за професионално опкружување. - Искористување на фриленс можности:
Модулот ги информира студентите за можностите за фриленс, што им овозможува да разгледаат различни патишта за развој на кариера.
Кариерниот модул на Brainster ги опфаќа сите потребни елементи за успешен премин од академијата во професионалниот свет. Без разлика дали студентите се насочени кон корпоративен сектор или фриленс кариера, овој модул им обезбедува ресурси, вештини и искуства кои ќе им помогнат да се истакнат на пазарот на труд и да донесат информирани одлуки за својата кариера.
Преку комбинација на стручни сесии, симулирани интервјуа и персонализиран фидбек, Brainster ги подготвува своите студенти не само за првиот работен ден, туку и за долгорочен успех во кариеата.
Кампањата е организирана од Brainster во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, имплементирана од организацијата Унапредување на економиите за посилни заедници, во партнерство со Младински образовен форум (МОФ) и Центарот за претприемачи и развој на менаџери (CEED Hub) Скопје. Мислењата изразени на оваа веб страница им припаѓаат на авторите/„Brainster“ и не ги изразуваат ставовите на УСАИД или на Владата на Соединетите Американски Држави (САД).