2025 нема да ја паметиме како уште една „успешна година“, туку како година на пресврт.
Година кога Македонија извезе образовен модел во Европската Унија и NU академиите станаа достапни и во Словенија.
И година во која уште еднаш докажавме дека образованието може да биде практично, релевантно и современо, а вештините за високоплатените професии да се градат уште во средно.
Во 2025, NU средношколците го направија она што ретко кој го очекува од средношколци: се однесуваа, размислуваа и работеа како професионалци.
Кога некој им верува, со јасни очекувања, менторство и реални задачи, нивната енергија и знаење се претвораат во резултати што може да се измерaт.

Што постигна NU заедницата во 2025 (во бројки)
- 15+ успешно реализирани проекти во соработка со 12+ реални клиенти и партнери,
- 1100+ активно вклучени ученици,
- 4 реализирани хакатони.
Реални проекти со реални компании

Во текот на годината, нашите средношколци работеа на проекти за компании кои функционираат на пазарот секој ден со реални клиенти и реални бизнис-предизвици.
Меѓу нив беа:
Vitaminka, Adstract, Skopje Cinema City, MOVEMENT, Diners Club, Kupola (VIA), Tiiiit! Inc., Preplet Design Studio, Bratot Apparel, Scoober, Umniverzum, Craft Brewery.
За учениците, ова значеше едно: портфолио уште додека се во средно, повеќе самодоверба и практично искуство.
А во свет каде што професиите се менуваат побрзо од кога било — токму ова ги прави неколку чекори пред своите врсници.
Европско признание: NU академиите се дел од ALL DIGITAL
Во 2025, NU академиите заедно со целата Brainster групација станаа членка на ALL DIGITAL, водечка пан-европска мрежа за дигитални вештини со седиште во Брисел. Ова членство значи пристап до европски практики, партнерства и стандарди.
Но уште поважно: значи дека моделот што го градиме тука, дома, е препознаен и надвор.

„СРЕДНОШКОЛЕЦ МИЛИОНЕР“: Kога средношколските идеи вредат милиони
Заедно со Brainster Next, го организиравме првиот натпревар за средношколски бизнис идеи СРЕДНОШКОЛЕЦ МИЛИОНЕР, со главна награда од 1.000.000 денари.
На натпреварот учествуваа 1500+ средношколци од сите средни училишта во Македонија, со вкупно 438 идеи.
Иван, Јован и Марио со идејата „Систем 4“ се првите победници на натпреварот и доказ дека секој средношколец со добра идеја и реализација има шанса да стане следниот „милионер“.
Средношколци на пракса во реални компании? Да, тоa се NU средношколците
Во 2025, NU средношколците беа и на пракса во реални компании, со реални задачи. Затоа што веруваме дека професионалноста не почнува по факултет, туку многу порано.
А најважно од сè: учениците покрај вештини, добиваат и нешто што родителите најмногу го посакуваат за своето дете: ново ниво на самодоверба и чувство на одговорност.
NU StarZ: гласот на новата генерация

Го започнавме и првиот подкаст од средношколци за средношколци.
NU StarZ е простор каде младите зборуваат за идеи, дилеми, притисоци и соништа, без цензура и со свој ритам.
Затоа што денес, да си „спремен за иднината“ не значи само да знаеш алатки, туку да знаеш да размислуваш, да комуницираш и да се изразиш.
Стартувај ја 2026 со вештини што ќе те одвојат од „толпата“
Ако сакате и Вашето дете да го искуси она што го живеат средношколците на NU и ако не се задоволува со просекот, тогаш време е да се придружи на заедница каде што во нивните вештини и знаења веруваат и тие самите, и компаниите.
📌 Новата група почнува во февруари.
