Ана Тасева –  Dream Team студент на Академијата за графички дизајн

Запознај ја Ана Тасева –  Dream Team студент на Академијата за графички дизајн за месец јули 2023.

 

Име и презиме: Ана Тасева

По професија: Слободен уметник – Дизајнер на ентериер

Академија: Академија за графички дизајн

Зошто баш оваа област: Пред да се одлучам за Aкадемијата за графички дизајн се изразував креативно само преку класичните техники на традиционалната уметност, меѓутоа кај мене секогаш постоеше доза љубопитност за изучување на дигиталните алатки. Така решив да ја одберам оваа Aкадемија за успешно да ги научам дигиталните вештини на изразување со цел во иднина, секој дизајн, креирање линија или додавање боја да најде примена и во дигиталниот свет.

Што те мотивира постојано да учиш: Ме мотивира она позитивно и пријатно чувство кое ми се јавува кога ќе научам нешто ново, чувство на мирен ум и спокојна душа, среќна и задоволна со себе и свесна дека времето поминато учејќи нешто ново не е залудно потрошено време.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Најинтересната работа што ја научив е тоа што кога се работи на проект за реален клиент, не секогаш треба да се водиме кон финализирање на дизајнот од првиот креативен порив, туку прво да дозволиме истражувачкиот процес да нè инспирира за дизајнот да биде уште поуспешен.

Омилен модул и зошто: Навистина не можам да кажам кој ми е омилен модул, бидејќи сите модули си имаат своја тежина и искрено уживав да ги слушам и да работам на сите зададени проекти. Од таа причина сите модули ми се омилени на свој начин.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Сите инструктори ми оставија огромен позитивен впечаток. Несебично се трудат да го пренесат своето знаење на различни начини. Тие се толку посветени на своите модули и навистина се професионалци во својата работа.

За 5 години сакам да бидам: Успешен графички дизајнер со изградено богато портфолио.

Хоби: Готвење, прошетка во природа, snowboarding.

Омилена книга: Тhe Field by Lynne McTaggart

Омилен цитат: “The only impossible journey is the one you never begin.“

 

Направи чекор кон високоплатена кариера и придружи се на Brainster заедницата од 11.500 студенти. Аплицирај сега и искористи поволни услови за плаќање од 90€ рата без камата!

На Академијата за графички дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!

AI at Work | AI тренинзи за професионалци и компании во ерата на AI!