Нов проект во портфолиото на студентите од Академијата за UX/UI дизајн

 

На Академијата за UX/UI дизајн работата на реални проекти е задолжителен дел од програмата и процес кој што треба да го помине секој од студентите. 

Преку работа на реални проекти за реални клиенти, студентите учат едни од други и имаат можност да го покажат стекнатото знаење и својата креативност.

 

 

Новиот предизвик со кој што тие требаше да се соочат беше индивидуално да дизајнираат online продавница за нашиот learning партнер, дигиталната печатница MyPrint

Решенијата понудени на клиентот од страна на студентите содржеа детално истражување, заклучоци, wireframes и специфичен визуелен дизајн.

 

 

Студентите работеа напорно, целосно посветени на задачата и успешно го совладаа предизвикот кој што им беше даден.

Тие ни го опишаа нивното искуство како најголем предизвик со кој што се соочиле до сега и од кој научиле многу нови работи кои што ќе им помогнат во иднина да се изградат како UX/UI дизајнери.

 

 

Моментално, нашиот клиент сè уште размислува кој од понудените продукти најдобро ги исполнува неговите услови за имплементација бидејќи беа претставени сериозни решенија кои што ги исполнуваат сите спецификации на еден успешен UX/UI дизјан. 

 

*Кликнете на сликите за да видите одблизу како изгледаа креативните решенија на нашите студенти!

 

Доколку сакаш да си дел од UX/UI заедницата и заедно со нас да градиш нови успешни приказни во 2021, дознај повеќе за Академијата тука.

На оваа Академија учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!

Аплицирањето за ваучер заврши!