Најдобрите портфолија на Академијата за UX/UI дизајн – Ива

Студентите од првата група на Академијата за UX/UI дизајн стигнаа на крајот од нивното патување. Со цел да ја комплетираат програмата на оваа Академија, тие имаа задача да креираат финални презентации за своите портфолија, да ги презентираат пред тим од ментори и да бидат оценети врз база на неколку критериуми.
Во портфолијата се сместени сите реални проекти на коишто работеа студентите за време на предавањата за нашите learning партнери. А преку нив, тие имаат можност да ги претстават своите способности пред компаниите – партнери за вработување.
Како едно од најдобрите финални UX/UI портфолија, се најде и она на Ива.
Ива Матиќ е дипломиран преведувач по шпански јазик, а воедно и студент од првата група на нашата Академија за UX/UI дизајн. Има работено на повеќе реални проекти кои се дел од програмата, како на пример, редизајн на почетната страна на Brainster и Renoon, веб страна за одржлива мода, а има учествувано и на двата Хакатони кои беа организирани на оваа Академија. Како дел од нејзиното портфолио може да се најдат Brainster hiring платформата и Microlearning апликација.
Во продолжение можете да го погледнете портфолиото на Ива и да дознаете што таа ни кажа за него
Каков беше процесот на изработка на своето портфолио?
Процесот на изработка на моето портфолио беше прилично интересен. Најпрво, започнав со истражување и црпење инспирација од други дизајнери, потоа продолжив со осмислување и дизајнирање на истото, за на крај да го кодирам. Кодирањето ми беше најголем предизвик и на тоа потрошив најмногу време, но многу научив од процесот.
Раскажи ни на кратко за останатите проекти во твоето портфолио?
Во портфолиото ставив два проекти кои ми се особено драги. Првиот е проектот за дигитални портфолија кој има цел да ја олесни работата на Brainster тимот при препорачување на кандидати за работа на learning партнерите на Brainster. Вториот проект е microlearning апликација која им служи на корисниците да ги прошират своите знаења на одредена тема без притоа да издвојуваат многу време во текот на денот. Овој проект е со посебно значење за мене бидејќи целиот процес, од почеток до крај, го изработив сама.
Што најмногу ти остана во сеќавање од твоите студентски денови на Академијата за UX/UI дизајн?
Од студентските денови, најмногу ќе ми останат пријателствата со кои се стекнав и работите кои ги научив за време на Академијата.
На Академијaта за UX/UI дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.
Дознај повеќе за реалните проекти на Академијата за UX/UI дизајн, кои ќе станат дел од твоето професионално портфолио.
Уписите се во тек, поради голем интерес се отвораат нови групи! Аплицирај веднаш и започни со учење во мај!