Најдобрите портфолија на Академијата за UX/UI дизајн – Петар

Студентите од првата група на Академијата за UX/UI дизајн стигнаа на крајот од нивното патување. Со цел да ја комплетираат програмата на оваа Академија, тие имаа задача да креираат финални презентации за своите портфолија, да ги презентираат пред тим од ментори и да бидат оценети врз база на неколку критериуми.

Во портфолијата се сместени сите реални проекти на коишто работеа студентите за време на предавањата за нашите learning партнери. А преку нив, тие имаат можност да ги претстават своите способности пред компаниите – партнери за вработување.

Како едно од најдобрите финални UX/UI портфолија, се најде и она на Петар.



Петар Прентовиќ
е графички дизајнер, а воедно и студент од првата група на нашата
Академија за UX/UI дизајн. Се истакнува со неговите идеи и амбиции и секогаш ја гледа психолошката страна на дизајните, односно приказната која тие ја раскажуваат. Има работено на многу реални проекти кои беа дел од програмата и како еден од најуспешните го издвојуваме Brainster Hiring во тим со неговите колеги од Академијата за UX/UI дизајн.

 

Во продолжение можете да го погледнете портфолиото на Петар и да дознаете што тој ни кажа за него

 

Каков беше процесот на изработка на твоето портфолио?

Процесот на изработка на портфолиото беше доста нов за мене со оглед на тоа што се бараше и вештината на кодирање, но со слатки маки и многу работа успешно го завршив моето портфолио и се гордеам на него.


Раскажи ни на кратко за останатите проекти во твоето портфолио?

Brainster Hiring е платформа каде што рaботодавците или луѓето коишто имаат потреба од квалитетен и обучен кадар во своите компании, ги наоѓаат алумните и студентите кои завршиле од сите академии и таму може да ги видат нивните квалитети, пред да одлучат дали сакаат да ги ангажираат.


Што најмногу ти остана во сеќавање од твоите студентски денови на Академијата за UX/UI дизајн?

На Академијата која траеше 8 месеци искусив многу интересни и неповторливи моменти. Кога дружбата и работата ќе се спојат во едно се создава многу позитивна енергија и добра соработка меѓу членовите на тимот. Дефинитивно првиот Хакатон ќе ми остане во сеќавање и енергијата со која се работеше,  како и дружбата и задоволството на крајот на настанот.

 

На Академијaта за UX/UI дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Дознај повеќе за реалните проекти на Академијата за UX/UI дизајн, кои ќе станат дел од твоето професионално портфолио.

Уписите се во тек, поради голем интерес се отвораат нови групи! Аплицирај веднаш и започни со учење во мај!

Related Stories For You

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

10 Компании. 100 Студенти. 1000€ Ваучер.