BRAINSTER - Уникатна програма за наградување на вработените

Уникатна програма за наградување на вработените

Од самиот почеток на нашата приказна знаевме кон што се стремиме и како да стигнеме до таму.
Нашата визија е да го претвориме целиот град во универзитет, секој простор во училница и секој од нас во инструктор и студент!
Сметаме дека учењето никогаш не треба да запре.
Секоја индивидуа треба да се стреми кон постојано доусовршување на професионално поле, како и ширење на своите видици и стекнување на нови искуства.

Истовремено сме свесни колку е тешко да се најде и задржи квалитетен кадар кој успешно ќе ги завршува своите работни обврски и лојално ќе се посвети на компанијата во која го поминува поголемиот дел од денот. А компанијата ќе напредува доколку имате задоволни вработени.

Од таа причина дојдовме до идеја да креираме можност каде секој учесник во работниот процес ќе биде задоволен и ќе чувствува дека допринесува кон подобрување на работната атмосфера.

Нашата уникатната програма за наградување на вработените е создадена да ги задоволи потребите на секој менаџер, без разлика во која индустрија работи, бројот на вработени кој го раководи или буџетот со кој располага.
Деловните контакти што можат да произлезат од вмрежувањата се само дополнителен плус. Уште поважно е што благодарение на нашата програма секој менаџер може да си ги оствари целитe кога станува збор за мотивацијата на вработените.
Без разлика дали станува збор за индивидуална мотивација, тимска или пак сосема посебна програма, нашата понуда овозможува избор на следните пакети:

  • Индивиудални пакети – “Gift Cards”
  • Тимски пакети – “Team Learning”

Индивидуалните пакети се насочени кон поттикнување на личните вештини и интереси на секој вработен. Можеби станува збор за професионална надоградба која ќе му помогне на вашиот вработен да стане подобар во својата професија и да се движи кон патеката на успехот. Или пак станува збор за задоволување на лична потреба да научи нешто кое ќе ја поттикне неговата креативност и лични преференци.

Тимските пакети, пак овозможуваат поттикнување на тимскиот дух и заедничкиот напредок. Наменети за тимови кои се од ист сектор/поле, каде групната мотивација е на слично ниво, дозволуваат надоградба на професионални вештини кои го прават тимот поуспешен. На долг рок допринесуваат и за поголема кохезија и соработка помеѓу членовите.

Brainster одлучи да креира ваучери кои може да ги користите доколку сакате да наградите свој вработен за одлично завршената работа, постигнатите месечни резултати или пак сакате да одбележите некаков значителен настан како на пример годишнина на работното место или пак роденден на вашите вработени. Вашиот вработен има потполна слобода да одбере кој курс сака да го посетува. Со тоа му давате на знаење дека ја почитувате неговата личност и се грижите за напредокот кој го остварува без разлика дали е поврзан со обврските кои ги има во Вашата компанија.

Ваучерите се достапни по цена од 2000, 3000 и 6000 денари. Истите имаат важност од 3 месеци од денот на доставување на ваучерот од наша страна, а можат да се искористат за  курс  по избор на самиот вработен. Доколку вредноста на курсот е пониска од онаа назначена на самиот ваучер, тогаш преостанатите средства остануваат на сметката на вработениот и истите може да ги искористи за некоја друга обука која е овозможена преку нашата платформа. Во случај вредноста на курсот да е повисока од онаа назначена на ваучерот, тогаш сумата која недостасува може да биде доплатена од страна на посетителот.

Целта на овие ваучери е да го поттикнеме вмрежувањето помеѓу компаниите, да ја разбудиме желбата за учење и надоградување на вработените и истовремено да им помогнеме на менаџерите на едноставен и корисен начин да им искажат благодарност на своите лојални и вредни работници.

Веруваме дека ќе наидеме на позитивен одговор од страна на компаниите кои го ценат трудот, работливоста и одговорноста на своите вработени и се подготвени истите соодветно да ги наградат.