Microsoft Excel е софтвер без кој не можеш да работиш на ниту едно работно место. Сите знаеме да направиме табела. Преку овој текст ќе дознаеш напредни функции.

Пред почетокот на новиот Курс за Microsoft Excel со Александар Ѓурчиноски споделуваме tips & tricks кои можеби не ги знаеш, а ќе ти ја олеснат работата во Microsoft Excel.

1. Alignment на податоци

При обработка на податоци во Microsoft Excel постојат четири категории на податок и тоа: текст, броеви, логички заклучок и грешки. Дополнително тука може да се приклучи и празна ќелија, која реално не е податок, но се појавува како празен податок. Тоа е корисно за воочување каде некој податок е уништен или несоодветно поставен. Користењето на центрирање на знаците во ќелијата (alignment) не е практично при обработка на податоци, освен кога некој податок треба да се печати.

trikovi excel

Текстот секогаш треба да биде поставен лево, а броевите десно. Логичките заклучоци самиот програм ги означува со големи букви и ги поставува во средина (TRUE, FALSE). Сите грешки произлезени од формули исто така се поставени во средина (#DIV/0!, #REF!, #NAME?, #N/A, #VALUE!, #NULL!, #NUM!).

2. Евалуација на формула

Евалуација на формула може да се изврши на два начини:

1. Со маркирање на дел од формулата и користење на копчето F9. Така се селектира делот од формулата што треба да се провери дали е коректно поставен.

trikovi excel

trikovi excel

По евалуацијата на секоја формула користи Esc или Crtl+Z за да ја вратиш формулата во првобитна состојба, затоа што доколку ја потврдиш формулата записот на евалуација ќе остане запишан како дел од формулата, а не како запис кој е повлечен од ќелија.

2. Преку копчето Evaluate formula.

Копчето се наоѓа во лентата на Formulas> Formula Auditing

trikovi excel

trikovi Excel

Овој текст е објавен во категоријата Бизнис и ги содржи следните клучни зборови: Brainster, brainster kariera, kariera, kursevi, вработување, кариера, работа, технологијa, obuka, kurs za Excel, курс за Excel, kurs za microsoft excel, kurs za excel skopje.