BRAINSTER - Учете практични вештини од локалните експерти

Учете практични вештини од локалните експерти

BRAINSTER: Ние започнавме револуција во обазованието, дали сакате да се приклучите?
Како што Airbnb го промени начинот на кој ги планираме патувањата, така Brainster ќе го промени начинот на кој учиме.
Ние веруваме дека секој од нас поседува практични вештини за да предава и постојана потреба да стекнува нови знаења.
Brainster.co веб сервисот ќе им овозможи на сите со практично знаење да им понудат курсеви на останатите луѓе од заедницата.
Нашата визија е да го претвориме градот во универзитет, секој простор во училница и секој од нас во инструктор и студент.
Braisnter платформата е создадена за да го направиме учењето на практични вештини достапно за сите. Секој ќе може да научи како да ја изработи својата прва IOS мобилна апликација од експерти кои веќе ги продаваат своите апликации глобално, да научи како да започне сопствен бизнис од претприемачи кои во своетопортфолио имаат неколку успешни бизниси или да ги научи тајните на уличната фотографија од експерти кои работат за познати светски медиуми.
Почнувајќи од октомври Brainster.co платформата ќе биде достапна само во Скопје, но планот е до крајот на 2016 да се прошири во други градови како Атина, Софија и Берлин. Brainster започна со работа оваа година и е финансирана од Македноски Бизнис Ангели.
Обуките ќе бидат одржувани на различно локации како co-working простории, акселератори, инкубатори, работилници па дури и во кафулиња.

Зошто треба да бидете инструктор на Brainster?
Да придонесеш за заедницата
Секој има вештина или искуство од кои другите може да имаат корист. Креирајте курс и сподели го твоето знаење со останатите. Направи позитивни промени за заедницата.
Можност за дополнителна заработка
Brainster ти нуди одлична можност за дополнителна заработка додека го правиш она што најмногу го сакаш. Ти ја формирате цената која сакаш посетителите да ја платат за посета на обуката. Нема граница, од тебе зависи колку ќе заработиш.
За да се вмрежиш со луѓе со слични интереси
Ако си личност која има пасија за нови технологии, едноставно можеш да поставиш курс токму на таа тема и на едно место да ги собереш луѓето кои ја делат твојата пасија.
Да изградиш личен бренд
Ако сакаш да се издвоиш од толпата ќе мора да поработиш на твојот личен бренд. Brainster ти нуди одлична можност да се издвоиш како експерт во својата област, да воспоставиш углед и кредибилитет, да добиеш признание од заедницата.

Можност да пронајдеш таленти кои ќе работат со тебе
Не е лесно да пронајдеш таленти кои ќе работат во твојата компанија. Brainster тинуди алтернативен начин за да ги пронјдеш тие таленти. Замисли, ти сте IT компанија и сакате да ангажираш андроид девелопери за новиот проект. Сега можеш да поставите курс на нашата платформа на тема „Како да создадете андроид апликација“ и да го дадеш бесплатно на заедницата. Со ова не само што го пренесувате знаењето на заедницата, туку имате и можност да го ангажираш најдобриот посетител.
Зошто треба да учите на Brainster?
Ќе научите практични (real-world) вештини
Инструктори на Brainster ќе бидат најистакнатите луѓе од заедницата. Експерти кои го стекнали нивното знаење низ работа. Од нив ќе можеш да научиш практични вештини кои ќе ги искористиш за личен и професионален развој. Џабе теорија без пракса.
Добијте сертификат и препораки од секој посетен курс
Нашиот стартап е поддржан од многу иновативни компании и организации. Истите знаат што значи real-world вештини. Сертификатите кои ќе ги добиете по завршување на курсевите се препознаени од компаниите.
Работете на реални проекти
Инстукторите се предизвикани да поставуваат практични курсеви. На голем дел од курсевите ќе бидете во можност да работите на реални проекти и да решавате реални проблеми. Замислете какво искуство ќе биде тоа за вас.
Вмрежете се со луѓе со слични интереси
Секако дека можеш да учиш од книга или на интернет, но учењето со луѓе со слични интереси на твоите е многу позабавно. На овие курсеви можеш да се вмрежиш со најистакнатите експерти од заедницата и со ваши истомисленици. Да стекнеш вистински пријателства па можеби и да пронајдеш партнери за вашиот иден проект.
Пронајдете го Вашиот талент
На Brainster платформата ќе има курсеви на најразлични теми. Покрај курсевите за претприемништво, програмирање, дизајн, маркетинг ќе има и курсеви како: Курс за изработка на накит, Курс за алтернативен театар, Фотографија, Курс за изработка на електричен скирол. Ова ти е единствената шанса да пробаш да научите нешто поразлично од твојата професија па можеби ќе пронајдеш некој нов талент во себе или пак инспирација за некое интересно хоби.

Формалното образование никогаш нема да може да биде во чекор со потребите на маркетот денес. Ние ќе го промениме начинот на кои луѓето учат нови вештини засекогаш.
Brainster не е само платформа која ја изградивме, Brainster е нешто многу поголемо – Brainster е дел од сите нас. Brainster е заедница создадена со единствена цел, да ни помага да ја направиме размената на знаење едноставна и забавна.
Дали сакате да бидете Brainster?
Регистрирајте се на платформата до 1 октомври и добијте 20% попуст на курс по ваш избор!
Ние започнавме револуција во обазованието, дали сакате да се приклучите?
http://brainster.co/
Brainster тимот.