Овој текст е дел од серијата бесплатни лекции од Brainster во категоријата Project Management. Регистрирај се за уште 60 бесплатни лекции за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.

 

Кога станува збор за долгорочни проекти лесно може да се изгуби фокусот и желбата за довршување на проектот. Потребна ти е организација која ќе ти помогне да го завршиш проектот на време без да ја изгубиш мотивацијата и интересот.

Овие неколку практики ќе ти  помогнат да останеш на вистинскиот пат и да одржиш конзистентен напредок на твојот тим.

Постави краткорочни цели за секоја фаза

Ако долгорочната цел треба да ја достигнете за неколку месеци, а крајниот продукт е завршување на некој голем проект, краткорочните цели ќе ти помогнат да останеш во тек со целиот процес. Кратките рокови можеш да ги поделиш на специфики за проектот. Мерењата ќе ти помогнат да следиш до каде е твојот проект и што е постигнато дотогаш. Постави mini dead-lines за сите членови на тимот. Тие ќе ти помогнат да се стремиш кон завршување на краткорочните цели навремено и ќе ти помогнат при мерењата.

Направи обратна to-do листа

Почни да планираш од крајот. Креирај обратна листа на задачи, почнувајќи од твојот потенцијален конечен резултат. Потоа напиши ги сите пресвртници и потенцирај што е важно да се направи. Твојата обратна to-do листа може да се движи од лансирање, кон уредување, па процесот на создавање на проектот и на крај првичните подготовки.

Направи распоред за продуктивност

Постои период во денот кога секој е најпродуктивен. Докажано е дека најпродуктивното време за работа е периодот од 12 до 3 часот, со тоа што енергијата опаѓа во попладневните часови и повторно се враќа околу 6 часот. Можеш да ги испланираш најважните задачи во периодот на твојата најголема продуктивност, а задачите кои не се итни или се помалку важни во моментот, направи ги во периодот на опаѓање на твојата енергија. Настаните кои бараат повисоки нивоа на размислување и концентрација како состаноци, презентации и пишување, закажи ги во твоите продуктивни часови.  Одговарањето на мејлови, повици и ручекот остави го за периодот на пад на енергијата. Направи тестирање и најди го твојот идеален распоред, така полесно ќе се движиш низ долгите проекти.

Побарај помош кога ти треба

Заглави? Побарај помош. Употребата на ресурси е составен дел од успехот на работното место, па така ова е неопходен совет за секој кој работи во тим. Подобро е самостојно да се стигне до одговорот, но ако те газат крајни рокови, не плаши се да им се обратиш на своите колеги за помош. Ваквата комуникација со тимот дополнително ја зајакнува меѓусебната доверба. Во секој случај подобро е да се обратиш за помош пред да истече крајниот рок. Но не заборавај да бидеш добар соработник. Кажи благодарам. Понуди помош секогаш кога гледаш дека има стресни ситуации. Признај ги напорите кои ги прави твојот соработник. Don’t take all the credit!

Анализа и извештај за успесите и предизвиците

Откако успешно ќе го завршиш ОГРОМНИОТ проект, не преминувај на следниот без претходно да размислиш за стратегијата на тимот за управување со проекти. Што помина добро, а што не? Ако твојата работа првенствено се базира на долгорочни проекти, ќе треба постојано да се усовршуваш и да го подобруваш пристапот за да се задржи ефикасноста во работата. Документирај ги процесите и сподели ги со твојот тим за да можете да извлечете поука од добро сработеното и од тоа што не испадна баш најдобро.

Ако твојот краен рок е месеци подалеку тоа не значи дека треба максимално да се опуштиш. Постави ги приоритетите и стратегиите веднаш и веќе си на правиот пат.

 

Што сакаш да научиш следно? Одбери ја темата која сакаш да ја истражиш, и со брза регистрација стигни до 60 бесплатни лекции кои ќе ти пристигнат на е-mail.

Платформата Brainster лекции произлезе од неколкумесечната едукација преку работа на реални проекти на нашите студенти. Учесниците од Академијата за програмирање и учесниците од Академијата за маркетинг ја креираа оваа алатка преку која секој може да стекне вештини за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.

biznis razvoj