Овој текст е дел од серијата бесплатни лекции од Brainster во категоријата Project Management. Регистрирај се за уште 60 бесплатни лекции за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.

 

Ако претпоставиме дека можеш да се пофалиш со искуство како project manager и си во потрага по нова работа, подготви одговори за овие прашања.

1. Дали си работел/а на проект во оваа индустрија порано?

Ако одговорот е да, продолжи да читаш понатаму. Ако одговорот е не, имаме неколку совети за тебе.

„Не сум работел во оваа индустрија но сметам дека сетот од организациски, комуникациски и лидерски вештини, ќе ми помогнат во соодветно извршување на задачите“. Иако генеричките вештини и искуства на прв поглед изгледаат наивно, можат да го насочат проектот во вистинска насока. Дај им до знаење дека имаш способност да стигнеш таму каде што тие очекуваат да стигнеш и покрај тоа што немаш доволно искуство од индустријата. Покажи ги твоите резултати и самодоверба на јасен и сигурен начин.

2. Каков резултат постигна на твојот последен проект?

Секој проект и секоја компанија имаат различни мерки за успех. Има многу фактори пресудни за успех земајќи го во предвид тоа дали проектот е завршен во предвиденото време и со предвидениот буџет. Образложи ја главната цел на проектот и подготви се да презентираш што сте сработиле. Какви беа твоите резултати? Дали ја постигна целта и дали клиентот/претпоставениот е задоволен со крајниот исход? Доколку проектот не се движел по правата патека потенцирај дека извлековте поука за понатамошните проекти.

3. Да претпоставиме дека ти и твојот тим доцните со активностите, и работата не оди по план. Како ќе одлучиш што е приоритет?

Во совршен свет задачите без проблем би се извршувале по одредена линеарна траекторија. Но во реалноста ќе се натрупаш со задачи кои под итно бараат внимание и ресурси. Како ќе се справиш со неизбежните препреки на патот и колку ќе му помогнеш на тимот да остане фокусиран? Од тебе се очекува флексибилност, вештини на управување и личен стил на справување со проблемите. Во заедничка работа со тимот треба да се идентификуваат критичните точки. Таму каде што заглавува тимот потребно е да се направи ре-евалуација и да се најде заедничко решение на проблемот.

4. Како ќе се справиш со член од тимот кој не перформира како што очекувавте?

Ти си главен и одговорен тренер. Треба да го пратиш целиот тековен развој и мотивацијата на сите членови. Ако некој во тимот не ги исполни очекувањата, твојата задача е да го пронајдеш најдобриот метод за да го вратиш членот на вистинскиот пат. Првото размислување не треба да биде замена, затоа што тоа ја ослабнува тимската работа. Првиот чекор кој треба да го направиш е индивидуална работа со членот на тимот при што ќе идентификуваш каде заглавува и ќе преземеш следни чекори за да му помогнеш да се врати на правиот пат. Ако си се нашол/ла во ваква ситуација објасни како успешно ја реши.

5. Како ја евалуираш работата на тимот за време на работата на проектот?

Работата на Project Manager-от бара баланс меѓу активностите. Потребно е да направиш добро распределување на активностите за да не се троши драгоценото продуктивно време на тимот. Важно е да се задржи фокусот на крајниот резултат. Користи алатки за поголема продуктивност на твојот тим. Така полесно ќе ги следиш делегираните задачи и одговорности. Како Project Manager треба да го одржуваш тимот на правиот пат, да побараш фидбек за сработеното, самоевалуација, а може и да направиш кратко интервју со секој член од тимот. Состаноци, табели со извршени задачи или дневник за секој вработен помагаат соодветно да се евалуира работата на тимот.

6. Како би се справил/а со конфликт во тимот?

Слабата комуникација на работносто место не само што предизвикува конфликт туку и ја намалува продуктивноста и моралот на тимот. Основната работа на project manager-от е да работи со луѓе. А таму каде што има луѓе има и конфликти. Project Manager-от треба да знае дека некогаш е во ред да се има конфликти. Избегнувањето или занемарувањето може да биде штетно за целите на проектот. Во многу стресни ситуации потребна е голема флексибилност и разговор. Треба да се прилагоди на индивидуалните потреби на секој член од тимот за да се избегнае меѓусебните конфликти или да ги  контролира откако ќе се случат.

 

Што сакаш да научиш следно? Одбери ја темата која сакаш да ја истражиш, и со брза регистрација стигни до 60 бесплатни лекции кои ќе ти пристигнат на е-mail.

Платформата Brainster лекции произлезе од неколкумесечната едукација преку работа на реални проекти на нашите студенти. Учесниците од Академијата за програмирање и учесниците од Академијата за маркетинг ја креираа оваа алатка преку која секој може да стекне вештини за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.

biznis razvoj