Digital storytelling for Journalists – Technics & Tools 

Digital storytelling for Journalists – Technics & Tools е темата на бесплатниот онлајн курс кој го организиравме за нашите пријатели и соработници од медиумите. Предавачите Александар Манасиев-Мано и Мите Кузевски од Види Вака на еднодневниот курс, кој се одржа на 01.12.2020 година ги запознаа затворениот круг од 20 новинари со дигиталните можности за креирање стории, преку запознавање со најновите и најкористените техники и алатки на денешницата.

zoom sostnok za digital storytelling

Предавањето започна со краток вовед за еволуцијата на печатените медиуми, телевизијата, радиото и интернетот. Беа дефинирани елементите преку кои на различен начин се пренесува главната порака во секој од нив. Радиото го користи само звукот додека печатените медиуми ги користат текстот и сликата. Телевизијата при пренесување на сторијата вклучува повеќе елементи како видеото, сликата, текстот и звукот.

Додека традиционалните медиуми имаат одредено ограничување во пренесување на една мултимедијална приказна, интернетот како медиум ја нуди целата слобода во експериментирање и вметнување најразлични елементи со цел пореално да се долови една приказна. Добрите мултимедијални приказни во себе содржат елементи од различни медиуми кои меѓусебно се дополнуваат како текст, видео, фотографија, аудио, графика, мапи…

Примери за мултимедијални приказни

Во продолжение се дел од издвоените примери за добри мултимедијални приказни во кои одлично се инкорпорирани различни елементи како текст, графика, видео, аудио… кои помеѓу себе не се редундантни.

 

Избор на формат соодветен на различни канали и публики за Digital storytelling

Добрите мултимедијални приказни се фокусираат на корисничкото искуство и интеракција затоа како важен елемент покрај создавањето е изборот на соодветен формат, поставување на различни канали и социјални мрежи и прилагодување на содржината за различни публики.

Пример за една таква приказна е Against All Odds “I lost my mother to the criminal justice system for 15 years.” На нивниот веб-сајт е прикажан блог пост со текст и слика во кој накратко е раскажаната содржина за двете епизоди. Бидејќи најголем дел од времето видеата на фејсбук ги гледаме со исклучен звук, видеото како најава за епизодата на фејсбук е поставено видео со превод.

На инстаграм стори е поставена најава со едноставна графика и хаштаг, со објаснување на терминологија за помладата публика и swipe up кон youtube каде е поставено долго видео без превод.

against all odds youtube

Бесплатни онлајн алатки за Digital storytelling

Помеѓу бесплатните алатки за изработка на мултимедијални приказни кои се искористени во горенаведените примери и кои ги користат и најпознатите светски медиуми како The Guardian, BBC, Deutsche Welle, The New York Times предавачите ги издвоија:

SoundCite е едноставна алатка за користење со која се овозможува додавање на аудио во склоп на текст. Аудиото е инкорпорирано во дел од текстот означено со бледо сива боја како highlight и копче play.

soundcite knighlab tool

Storyline е алатка која овозможувава изработка на коментарен, интерактивен графикон.

StoryMap е бесплатна алатка која помага во раскажување на приказни со помош истакнување на локациите на серија настани.

storymap knighlab tool

 

Timeline е алатка со која може да се изработат визуелно богати, интерактивни временски рамки.

timeline knighlab tool

Juxtapose е алатка со чија помош мозе да се споредуваат две слични медиуми, вклучувајќи фотографии и GIF-ови. Идеална е за прикажување на тогаш / сега приказни што објаснуваат бавни промени со текот на времето.

Juxtapose knighlab tool

SceneVR е алатка со чија помош панорамските и 360°, VR-фотографии се инкорпорираат во слајдшоу на навигирачки сцени. Во нив може да се подредуваат фотографии, додаваат описи и текст со што се овозможува создадавање на уникатни нарации.

scene knighlab tool+ алатки на Hackstory кои може да ви се најдат при изработка на вашата следна мултимедијална приказна

Пријавете се со кликнување на следната Google Form доколу сакате да бидете дел од следните бесплатни курсеви за новинари кои ќе ги организираме.

Related Stories For You

Future-proof кариера во 2025

Aплицирај за early bird

*САМО 14 ДЕНА