Дијана Ќахил е алумни од нашата Академија за дигитален маркетинг, која се вработи во компанијата „Посредник“.  Тоа e компанија која работи во сегментот на помошните услуги во образованието на студентите, а воедно и место каде што Дијана ќе продолжи да ги надградува своите знаења од областа на маркетингот.

Прочитајте што ни сподели таа за нејзиното ново работно место и искуството од Академијата

За следната група на Академијата за Дигитален маркетинг се останати само уште 7 слободни места! Аплицирај веднаш и започни со учење во мај!

 

Здраво Дијана! За почеток, да те запознаат нашите читатели подобро – кажи ни нешто за себе?

Здраво! Јас сум Дијана Ќахил и имам 24 години. Студирав на Eкономскиот Факултет на УКИМ во Скопје, насока Маркетинг. Моето основно и средно образование го поминав во повеќе од 4 држави, Германија, Македонија, Турција и Швајцарија, но патот секогаш ме носеше назад дома, во Скопје ☺ На крај, завршив како студент на Академијата за дигитален маркетинг во Brainster.

 

Каков беше твојот кариерен пат до моментот на запишување на Академијата? Што беше она што те натера да ја избереш токму оваа дисциплина и токму оваа Академија?

Морам да признаам, имам познавање за маркетинг од моите студентски денови или од некои мали претходни искуства што ги имав стекнато во текот на пракси или работни позиции. Што ме натера точно за запишување на оваа Академија? Дигиталниот дел. Во денешно време да можеш да работиш одредени професии каде што спаѓа и маркетингот, мора да го знаеш дигиталниот дел. Теоријата ја стекнав на факултет благодарност до професорите, но дигиталниот дел и неговата практика ја научив на Академијата за дигитален маркетинг. Сметам дека комбинацијата од овие две знаења се клучот за успех во оваа професија.

 

Честитки за твоето вработување! Како ти е на новата работа позиција? Кој ти е омилен дел од твојата работа?

Моето ново работно место е во компанијата „Посредник“, каде што го работам делот за маркетингот, во кој е опфатен и дигиталниот дел. Омилен дел ми е креирањето на содржина, односно content, односите со јавноста, но и целокупната комуникација со клиентите. Овде имав можност покрај дигиталниот маркетинг да имам и директен контакт со нашите клиенти, каде што директно добиваме feedback за нашите активности.

 

Што ти претставуваше најголем предизвик додека почнуваше нова кариера како дигитален маркетер?

Дефинитивно најголем предизвик ми претстави делот за SEO. Според мене, овој дел од маркетингот не може да го работи секој, односно треба вистински да го сака тоа, за да го работи и да биде успешен во тоа.

 

Како Академијата за дигитален маркетинг ти помогна во овој процес?

Академијата ми помогна на начин што ми објасни подетално што точно спаѓа тука, ми разјасни делови кои претходно не сум ги користела, ниту пак познавала. На крај, најважното е тоа што ме посочи што би сакала да работам поточно понатаму, а кој дел би го оставила. Тука би сакала да напоменам, дека е многу важно што повеќе знаења да стекнеме за одредени области, за да можеме да знаеме што точно нѐ привлекува. Академијата ми покажа кој дел од маркетингот за мене е најинтересен и во кој би сакала да напредувам.

 

Што би им порачалa на сите што размислуваат да променат кариера во моментов?

На сите што мислат да променат кариерата би им посочила веднаш да го направат тоа. Најголем доказ е пандемијата која што за секунда ни ги смени животите на сите и сѐ уште трае. Затоа, сега додека се соочуваме со карантини, треба што е можно попродуктивно да го користиме нашето време дома, бидејќи таму сме повеќето од времето. Единственото нешто што е потребно за да успееш во нештата што ги сакаш, си самиот ти, односно твојата желба и мотивација да го постигнеш посакуваното.

 

Доколку сакаш да си дел од Digital Marketing заедницата и заедно со нас да градиш нови успешни приказни во 2021, дознај повеќе за Академијата тука.

Поради голем интерес се отвораат нови групи! Останати се само уште 7 слободни места! Аплицирај веднаш и започни со учење во мај!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!