Веројатно сте ги забележале овие два мали симболи кои стојат на логоата на светските брендови ™ и ® .
Никогаш не е рано да ја спроведете постапката за заштита на трговска марка и да ги гледате овие мали симболи и до вашето лого – како рамноправно со светските брендови.
Не треба да чекате вашата компанија да прерасне во гигант, па потоа да правите заштита на трговска марка. Тоа можете да го направите и во почетоците, бидејки регистрацијата важи во наредните 10 години со можност за продолжување и по истекот на овој рок.
Постапката за регистрација се прави пред “Државниот завод за индустриска сопственост на РМ”. На веб сајтот http://www.ippo.gov.mk/ можете да најдете се што ви е потребно за да го реализирате и овој проект – Заштита на трговска марка.
Тука ќе можете да ги најдете следните информации:
- Кој може да пријави трговска марка
- Што треба да содржи пријавата
- Како да побарате стручна помош
- Правилници за трговската марка
- Постапка за меѓународна регистрација на трговска марка
- Обрасци и многу други корисни информации.
Зошто да направите регистрација на трговска марка ?
Затоа што со регистрацијата нема што да загубите, таа не може да ви донесе негативности, а може многу добро да влијае на вашиот бизнис. Влијае врз перцепцијата на вашите сегашни и потенцијални клиенти и доколку сакате да го проширите вашиот бизнис надвор од државата имате меѓународна заштита. Со самото брендирање се осигурувате од тоа некој таму да ви ги превземе логото и името.
Сигурно ќе ве интересираат трошоците – во Заводот за индустриска сопственост , во однос на поднесување на уредна пријава, објава (и доколку во рок од 3 месеци нема приговор) добивате решение за заштита на вашата трговска марка и вкупните трошоци пред оваа институција изнесуваат 6.000,00 денари.
Дали познавате светски бренд кој нема регистрирано трговска марка ? Think globally
Среќно,
Brainster заедницата