Разговор со инструкторот Ѓорѓи за UX/UI дизајн

Ѓорѓи Јаневски е инструктор на Академијата за UX/UI дизајн, дел од Brainster заедницата и се труди канцеларијата од Сорсикс да им ја пренесе на студентите на Академијата.

Продожи да читаш за да дознаеш што мисли на тема Brainster, формална VS неформална едукација и како да се стекнеш со знаење.

Brainster е одличен мост за поврзување на оние кои имаат што да споделат и оние кои се жедни за нови знаења.

Ако треба некако да го именуваме начинот на кој се стекнуваме со знаење, тогаш да, неформално е образованието, но дали е тоа битно ? Не би рекол… Битно е дали ќе научиме нешто што ке ни остане во животот. Доколку се сака, нема правило за начинот на кој ке се стекнеме со знаење. Досегашното учење или формалното учење има премногу теорија а малку пракса, она што неформалното образование го нуди е линкот на студентот со професионалецот. Не треба да читам за фабриката цел семестар, кога можам да имам неколку часови со менаџерот на истата. Можноста да слушнете од прва рака како размислува еден професионалец, нема цена. Исто така за еден едукатор е важно според мене искрено и директно да го приложи проблемот и истиот да го реши заедно со групата.

За професија не постара од 10 години и тоа како Академијата за UX/UI дизајн е иднината на учењето. Дигиталниот дизајн особено, ако погледнеме колку е напредната целата индустрија преку веб дизајн и апликации, па се до дизајни за мобилни и други уреди.. јас искрено и не гледам друг начин и можност да го научите ова освен на овој тип на академии.

Пример за UX дизајн она кое клучно што треба студентите да го научат е пристапот кон проблемот. Добро дефинирано барање или добро дефиниран проблем, ја прави нашата работа половина завршена. Особено важна е искреноста и самокритичноста кон проектите. Да слушаат совети и да се отворени за сугестии.

Овој начин на учење само докажува дека никогаш не е доцна за нов почеток, повеке се работи за “mind set” и дали сакаме да го извадиме максимумот од себе. Храбро, отворено и одлучно во нови предизвици. Новиот почеток е одговор дека не биле сите коцки наредени предходно 

Јас сум само искрен кога им говорам на часовите. Особено ми е драго кога гледам дека групата го препознава пристапот и начинот. Несебично и без резерва ја користам секоја прилика да го пренесам моето искуство преку примерите и разговорот на часот со студентите. Особено помладите генерации да не се плашат да експериментираат, откриваат и да изучуваат. Прекрасна e групата која ги слуша моментално предавањата.

За нова енергија и нов старт е потребна енергија, време и посветеност. Не го штедете времето потрошено на нови знаења. Она што со сигурност ке ви даде резултат е да работите напорно од ден за ден, се останато ниту можете со сигурност да го планирате а и ниту зависи во целост од вас.

За да откриеш во што си добар за мене важи следното правило: За да знаеш кое јадење е највкусно мораш да пробаш… не познавам човек кој се кае за потрошено време а притоа учел нови вештини и спознавал нови светови и проблематики. Затоа е клучно доживотно учење или надоградување. За мене во моментот кога ке престанете да учите вие ке престанете да работите. Според мене ова се две неразделни работи. Јас лично дневно читам по неколку постови од блоговите за дизајн кои ги следам, прегледувам поголем број проекти кои некој дизајнери ги сработиле… некогаш знам да забегам и цел ден да прегледувам дизајн проекти кои дефинитивно ми го хранат окото и прават да држам чекор со трендовите. Сакам да нарачувам книги од Амазон а некогаш и локалниве книжари знаат да изненадат. Многу често знам да ислушам и некој туториал или брз курс за некој сегмент или проблем од она што го работам. Секако дека некоја конференција за дизајн во годината ке биде супер ако се посети.

Она кое сакам да им го порачам на сите идни студенти, дизајнери е работа, работа и само работа. Додека работите добро е грешите и имате падови, бидејки мала е разликата помеѓу добар и одличен дизајн.

Уписите за Академијата се во тек, резервирај си место тука!



Related Stories For You