Викторија Дамчевска: идните HR менаџери треба паметно да ги бираат компаниите во кои ќе работат

Викторија Дамчевска е една од оние луѓе кои многу често го поставуваат прашањето „Кажи ни нешто за себе“. Но, ние решивме да ја ставиме во обратна позиција. Овој пат, Викторија е таа која одговори на ова тешко прашање.

Па, која е Викторија Дамчевска?

Викторија е Head of People Operations во ИТ компанијата GrabIT, и е одговорна за сите HR процеси во компанијата. За да стигне на оваа позиција, последните 10 години од нејзиниот живот ги посветува на постојана работа и учење поврзани со оваа професија – професија која за неа е вокација и во која несомнено целосно се пронаоѓа.

Па така, покрај full-time работата, таа е еден од првите инструкторки на Академијата за човечки ресурси во Brainster, со нас уште од самите почетоци на Академијата. Модулите на кои ќе ја запознаете Викторија се Перформанс менаџмент и Вовед во човечки ресурси.

Дополнително со експертизата на Викторија може да се запознаеш ако прочиташ некоја од нејзините статии на HR порталите 24HR и Работник. Можеме да ти гарантираме дека се доста поучни и популарни. 



 

Што те натера да размислуваш за кариера во HR?

Отсекогаш знаев дека ќе ги продолжам студиите после дипломирањето, но не сакав да брзам со изборот. Сакав да почнам да работам и да видам што е тоа што ќе ми се допадне и во таа насока да ја градам својата кариера. Така и се случи.

Мојата прва работа беше како агент за корисничка поддршка на телекомуникациска компанија, па со текот на работата, како еден од сениор агентите, бев вклучувана во онбордингот, менторирањето и селекцијата на јуниор агентите. Овие задачи кои повремено ги добивав толку многу ми се допаѓаа, што ги прифаќав со радост и уживав во нив повеќе од самата работа што ми беше примарна.

Одлуката падна и, иако знаев дека HR е професија што би сакала да ја работам, ми недостигаше основата, па затоа решив да ги продолжам студиите на Филозофскиот факултет, каде се стекнав со темелите врз кои понатаму ги надоградував своите знаења.

За да си ја пробам среќата, аплицирав за стипендијата Борис Трајковски и успеав да станам дел од EMBA стипендистите на Универзитетот Шефилд, нешто што ми го промени животот комплетно. Многу макотрпна работа и непроспиени ноќи беа дел од оваа авантура, за која сум бескрајно среќна и благодарна.

Веќе поткована со некои знаења, ми беше дадена шанса да работам во регрутерската агенција Frontwise Group, како Talent Acquisition Specialist, а потоа и во Symphony Solutions како in house регрутер. Пред пет години ја продолжив својата кариера во GrabIT and the rest is history 🙂   

Што мислиш дека е клучна предизпозиција која треба да ја поседуваш за да станеш HR?

Тешко е да се издвои само една предиспозиција која е потребна за да станеш HR. Дополнително, correlation is not causation, па не дека ако ја имаш оваа предиспозиција, автоматски ќе си добар HR 🙂

Но, ако навистина мора да издвојам, би рекла дека е потребно е да се има високоразвиена емоционална интелигенција, со сите компоненти. Тоа е потенцијалот кој ќе ни овозможи да се поврземе со вработените, да ги осознаеме нивните перспективи, како би можеле понатаму да бидеме добар медијатор и да понудиме издржано решение, со зачувување на колку што е можно повеќе објективност, затоа што отсуство од субјективност не постои.

Ова е позиција за која е важно да се изгради доверба, а нема доверба без покажување ранливост и без развиена емоционална интелигенција. 

 

Како HR-от може да стане клучен играч во креирањето на бизнис стратегиите на компаниите?

Еден мој професор на Шефилд велеше дека за HR-от да добие глас или да добие место на „главната маса“ треба да знае да ја покаже својата вредност, преку бројки, со реални метрики, како би ги убедил менаџерите за сопствената важност за компанијата.

За мене HR позицијата не е толку value adding за една компанија, колку што е value enhancing и добрите одлуки на HR-от можат да ја процветаат една компанија исто толку колку што лошите можат да ја разорат. Ете толку е важно влијанието на оваа позиција, привилегија е, но и голема одговорност. Но, да не заборавиме дека еден HR може да добие шанса да покаже дека треба да биде клучен играч во креирањето на бизнис стратегиите на компаниите само ако компанијата во која работи е отворена за идејата дека оваа позиција не е само административна и извршна, односно само ако го согледаат потенцијалот на оваа позиција во неговата целост.

Затоа, идните HR-и треба паметно да ги бираат компаниите во кои ќе работат, имајќи на ум како тие гледаат на нивната позиција. 

 

Дали има разлика помеѓу HR во IT-индустријата и HR позицијата во другите индустрии?

HR-ите од различни сектори бездруго се разликуваат, затоа што покрај знаењата поврзани со самата позиција има нешто што е наречено и industry knowledge, па затоа и на самите огласи за работа, предност имаат кандидатите кои веќе се сретнале или работеле во тој сектор или индустрија.

Тоа што е главна карактеристика на ИТ индустријата е токму динамичноста и тоа се прелева и врз професијата. Ќе те згази конкуренцијата доколку не следиш најнови трендови, што нудат другите компании за да ги подобриш и реосмислиш своите практики и бенефити и брзината со која нештата се менуваат, барем според моето искуство е поголема од таа во другите индустрии.

Побарувачката сѐ уште поголема од понудата (без разлика на скорешните навистина турбулентни периоди кои го зафатија ИТ секторот), па оваа индустрија, многу повеќе од останатите, ја карактеризира борба за квалитетни таленти и потенцијали.Преговарачката моќ е на страната на талентите во овој аспект, што значи дека HR-ите во ИТ индустријата треба постојано да се надоградуваат и да бидат подобри од конкуренцијата.

За крај, технологијата и сѐ поврзано со неа. Не дека технологијата не е важна за работата на HR-ите во другите индустрии, но за тие кои работат во ИТ секторот е од клучно значење. Тоа подразбира и познавање на технологијата за да се разбере јазикот на ИТ лицата (industry knowledge), но и познавање на многу алатки кои ќе ја олеснат или автоматизираат работата на HR-ите. 

 

Кои се најrewarding аспекти за тебе од работењето во HR, а кои се најголемите предизвици?

Има премногу rewarding аспекти во оваа работа, впрочем, тоа е делумно причината зошто толку ја сакам. Огромна е привилегијата да бидеш дел од нечие градење на кариера и напредок, да препознаеш нечиј потенцијал, да дадеш шанса, да бидеш поддршка и да веруваш во некого.

Незаменливо е тоа да си стожер или еден од стожерите на компанијата, па твојот напредок да е и нејзин напредок. Особено кога компанијата има доверба во твоите одлуки и чиј примарен фокус е задоволството и мотивираноста на вработените, па имаш шанса да бидеш креативен и да пробуваш пристапи. 

Но, како и секоја работа, и оваа носи свои проблематични ситуации, или врамено во попозитивна рамка – предизвици :). Ова е работа со луѓе и како таква, знае да носи со себе и решавање конфликти и барање компромиси. Дополнително, низ текот на сите овие години, пазарот на трудот доживеа огромни промени и првата борбена линија која ги чувствува нив се токму вработените во HR. Сепак, позитивните аспекти неколкукратно ги надминуваат негативните и да живеам сто животи, повторно би ја бирала оваа професија. 

Како мислиш дека HR професијата ќе се менува во следната декада, и кои вештини ќе треба секој  HR да ги поседува?

Оваа професија последните неколку години бездруго многу се промени и уште повеќе ќе се менува. Сѐ поприсутно ќе биде влијанието на технологијата и вештачката интелигенција, па многу од задачите на HR-ите кои се репетитивни ќе се автоматизираат, оставајќи поголем простор за да се фокусираат на стратешки задачи или нешта кои додаваат вредност на компаниите.

Промената е константа и како таква е неизбежна, на нас е да се прилагодиме на неа. Аверзијата спрема технологијата нема да направи таа да исчезне, ќе направи само да станеме неконкурентни на пазарот. Постојаното надградување на технолошките вештини и знаења е нешто што е и ќе биде потребно за да бидеме добри во нашата работа.

Истовремено, во следната декада сметам дека уште повеќе ќе добијат на значење токму вештините, способностите и карактеристиките кои не може да ги замени технологијата (барем не сѐ уште, којзнае што ќе се случи во наредните години 🙂 ) како креативноста, интуитивноста, емпатијата, способноста за градење на врски, критичкото размислување. 

Каков совет би му дала за секој кој размислува за кариера во HR?

Во последните неколку години, оваа професија навистина стана популарна и сѐ повеќе луѓе сакаат да работат во овој сектор или да ја променат својата струка и тоа целосно го разбирам и многу ме радува што толку многу луѓе делат интерес за полето за кое јас негувам толкава страст. Но, секој што размислува за кариера во HR треба да е свесен дека како и за сите професии, не е секој за оваа професија.

Како и другите професии и оваа бара многу жртви, труд и премногу трпеливост. Ако не уживате во работа со луѓе, ова не е професијата за вас. Ако ве плашат промените, динамичноста и потребата за брзо расудување, имањето на голема одговорност, исто така. Вие ќе ја гледате работата на колегите поединечно, но сите колеги заедно ќе ја гледаат вашата работа и тоа знае да звучи застрашувачки на почеток. Ама, доколку се пронајдете во оваа работа, ќе наидете на професија што ќе ве исполнува и ќе ви возврати двојно од она што ќе го вложите во неа. 

 

Како остануваш во тек со трендовите во HR индсутријата и најдобрите пракитики?

Секој професионалец кој сака да стане и остане добар во својата работа треба постојано да се надоградува и да учи. Можам да кажам дека нема период низ мојата професионална кариера кога не сум се трудела да го надополнам моето знаење и да сум во тек со најновите трендови.

Покрај често читање на стручна литература, уживам во читање на peer reviewed истражувања и статии, но исто така навистина често читам напис на HBR, Forbes, Inc., како и LinkedIn постови на луѓе што се „инфлуенсери“ во HR полето.

Кога наидувам на тематика што ми се гледа интересна, често знам да влезам во „зајачка дупка“ и да исчитам сѐ што можам да најдам и е поврзано со таа тематика, не од што морам, туку затоа што сакам. Кога ќе наидам на нови HR алатки кои изгледаат иновативни, неретко ги пробувам и сама, затоа што технологијата, особено таа што е поврзана со моите предмети на интерес е нешто што секогаш ме интригира. Сметам дека само тој е начинот на станување добар во својата работа, со желба за надоградување и голема љубов кон учењето. 

 

Размислуваш за кариера во HR? Стандардните HR Академии веќе не се доволни за сигурна кариера во дигиталниот свет.
Провери достапност на Brainster+ Академијата за човечки ресурси, тука.