Во овој серијал на текстови тимот на Brainster споделува Growth маркетинг алатки и техники кои ќе ти помогнат во градењето на кариера како маркетер.

Овие 3 алатки и уште 47+ ги користиме на Академијата за дигитален маркетинг на Brainster.

 

#1:  Yala препорачано од Марија Јанеска, дипломирана на Академијата за Дигитален Маркетинг

Yala е алатка која ќе ти помогне со постирање на содржини на социјалните мрежи. Нешто слично како Buffer која веќе ти ја кажавме во Growth Маркетинг алатки и техники за 2018 #5. Разликата е што Yala ти сугерира кое време е најдобро за постирање според тоа кога твојата публика е онлајн. Прави целосна анализа место тебе, прави извештаи и добро организирани performance insights. Тотално вреди да се ѕирне!

alatki

 

#2:  DareBoost препорачано од Александра Јанакиевска, CMO на Brainster

Алатка што ја тестира и анализира твојата веб страна. За помалку од минута добиваш извештај за оптимизацијата од технички аспект, извештај за SEO-то и за безбедноста на твојата страна. Ти посочува што е добро изработено, а што не и како можеш да го подобриш. Извештајот можеш одма да го споделиш со кој и да треба. Не е бесплатна алатка, ама цената е сосема ок, кога ќе се земе предвид колку работа може да ти заврши. Секако има free trial, па провери ја!

alatki

 

#3:  NeverBounce препорачано од Николина Цветановска, студент на Академијата за Дигитален Маркетинг

Тука можеш да проверуваш валидност на e-mail адреси. Да знаеш која адреса навистина постои, а која не, за да не праќаш newsletters за џабе. Можеш бесплатно да ја користиш без регистрација ако не ти е тешко да проверуваш еден по еден e-mail. Со регистрација и креирање free account можеш да проверуваш листи кои содржат максимум 1000 e-mail адреси, а ако сакаш поголема листа да провериш одеднаш се плаќа, од $0.008 до $0.001 по e-mail, во зависност од големината на листата.

 

Погледни ги и претходните Growth Маркетинг алатки и техники за 2018 #6.

Со љубов,

Tимот на Brainster.