Growth Маркетинг алатки и техники за 2018 #5 · Brainster

Growth Маркетинг алатки и техники за 2018 #5

marketing alatki

Во овој серијал на текстови тимот на Brainster ќе споделува Growth маркетинг алатки и техники кои можат да ти помогнат во градењето на твојата кариера како маркетер.

 

Buffer  препорачано од Марија Јанеска, дипломиран студент на Академијата за Дигитален Маркетинг

Buffer е алатка која ќе ти помогне во креирање различен контент, зависно од платформата на која што постираш и може многу да ти заштеди на време. Ти овозможува да закажуваш објави месеци однапред, на различни профили на Facebook, Instagram, Twitter, Linkedin, Google+ и Pinterest истовремено. Можеш автоматски да ја споделиш содржината на различните профили, а можеш и поединечно да закачуваш во други денови и термини. Доколку водиш повеќе страни одеднаш многу ќе ти користи.

marketing alatki

 

Sentient Ascend препорачано од Петар Ниновски CEO на Brainster

Софтвер за А/Б тестирање. Овозможува тестирање со повеќе варијации со користење на споредбена статистичка анализа и одредува кои од варијациите се најдобри. Вака можеби звучи сложено, ама сѐ што треба ти да направиш е да дадеш 2+ идеи. После алатката самa ќе си заврши работата – си анализира, си споредува и на крај ти кажува која идеја е подобра и зошто. Ова може да ти заштеди многу време и пари.

 

ResponsiveDesignChecker препорачано од Емилија Здравковска, студент на Академијата за Дигитален Маркетинг

Ова е алатка за респонсивност. Го внесуваш url-то од страната што сакаш да ја провериш и ти дава како изгледа на различни уреди. Можеш да ги провериш сите опции – десктоп, таблет и мобилен, има дури и за различна големина и модел. Така ќе видиш дали кај сите посетители изгледа ок на нивниот уред или треба да промениш нешто. Скроз корисно и скроз бесплатно за користење.

marketing alatki

 

 

Погледни ги и претходните Growth Маркетинг алатки и техники за 2018 #4.

Tимот на Brainster.

Добивај новости преку емаил

Добивајте понуди за бесплатни курсеви на Brainster преку емаил

Што сакате да научите денес?