Како си поминавме на курсот графички дизајн за маркeтери + Illustrator
По неколкуте успешно реализирани воведни курсеви по графички дизајн за маркетери, подготвивме нов подолг курс на истата тема. Oвојпат дополнително се задржавме малку повеќе на програмата Adobe Illustrator. Оваа програма најмногу се користи во процесот на дизајнирање на промотивни матријали.
На курсот поминавме одлично, го дознавме целиот процес на дизајнирање, од идеја до реализација. Секој учесник беше воведен во софтверите доволно за да може да изготви поедноставни промотивни материјали. Секако според потребите на понатамошното работење. (флаери, постери, банери, Facebook/web реклами и слично).
Што научивме?
Научивме кои се основните компоненти на успешен дизајн и како истите да ги примениме во комерцијалниот дизајн. Навлеговме во креативниот процес на решавање дизајнерски проблеми и дознавме како да го користиме Adobe Photoshop за правење основни манипулациии на фотографии.
Во Adobe Illustrator научивме како да дизајнираме промотивни матријали, да создаваме илустрации и да изработуваме логоа.
Ги учевме концептите на графичкиот дизајн преку комбинирање на текст, фотографии и илустрации.
Секој учесник си замина дома со графичко решение според неговите потреби.
Погледнете низ фотографии каква беше атмосферата на досегашните курсеви за графички дизајн
Зошто да се запишеш на курсот графички дизајн за маркeтери + Illustrator?
Во денешно време визуелниот идентитет и брендингот на компаниите и производите играат голема улога во нивната успешност. Дизајнот ја зголемува цената на производот за 24%, ја зголемува продажбата за 47% и ја зголемува продажната цена за 32%. Овој податок е превземен од “Vision and Influence” студија на групацијата за корпоративен дизајн на IDC Industrial Design Society of America. Голем дел од целокупниот визуелен идентитет на бизнисот, е всушност графичкиот дизајн кој е тема на овој курс.
Доколку сакаш да научиш како да работиш во овие креативни програми и притоа да не зависиш од графичкиот дизајнер во фирмата при секое едитирање на материјалите, овој курс е правиот избор за тебе. Интерактивна програма со многу вежби, практични примери и теорија прилагодена за секој почетник да навлезе во овие софтвери и да може понатаму самостојно да работи.
По завршување на кусот сите учесници добиваат сертификат како и краток Потсетник на македонски јазик кој ќе ви помогне во понатамошната работа.
Овој текст е објавен во категоријата Графички дизајн и ги содржи следните клучни зборови: Adobe Photoshop, Adobe Illustrator, курс, маркетинг, бизнис, обука