Симон Апостоловски е алумни од Академијата за Front-End програмирање, кој се реши да направи кариерна трансфорамција и се вработи веднаш по нејзиното завршување како Junior Front-End Developer. Неговото работно место е компанијата Atis, каде Симон веќе половина година ги надградува своите вештини и знаења стекнати од Академијата за програмирање.

 

Си поразговаравме со Симон за неговото работно место и искуството од Академијата

 

Здраво Симон, претстави се за подобро да те запознаеме!

Здраво, здраво! Јас сум Симон Апостоловски. Во третата студиска година на Економскиот факултет, се запишав и на Академијата за програмирање во Brainster. Освен што ме исполнува мојата работа, во слободно време сакам и да одам на прошетки, да се дружам со другарите, да се возам низ Скопје со точак, да гледам серии и да читам книги, а особено интересни ми се мистерии или трилери.

 

Помина половина година од твоето завршување на Академијата за Front-End програмирање. Каде се наоѓа Симон сега?

При крајот на Академијата имавме успешен Хакатон, потоа презентации за реални проекти од Brainster или лични проекти и работилници, со цел подобро да се подготвиме и да бидеме подобри на идните интервјуа за работа. Сето тоа беше супер искуство кое го искористив веднаш по завршувањето на Академијата за подобро да се презентирам себеси и да се вработам.

 

Зошто баш Front-End програмирање? 

Уште од моите средношколски денови, програмирањето ми беше интересно, но се одлучив да продолжам и да дипломирам на Економскиот факултет со насока Е-Бизнис. Во 6-иот семестар имавме предмет „Основи и дизајн на Веб“ со одличен професор. Тој нѐ запозна со основите на front-end програмирањето и јас доста се заинтересирав, па разговарав со професорот кој ми посочи доколку сакам да продолжам со програмирање и евентуално да променам кариера, тоа да го направам преку Brainster. Го послушав неговиот совет и еве ме денес. 🙂

 

Веднаш по завршувањето на Академијата за Front-End програмирање се вработи во компанијата Atis. Како стигна до овде? 

Atis се занимава со имплементирање на висококвалитетни, професионални и сопствени решенија со користење на најдобрите технологии, претежно за клиенти од Германија и Италија.

Процесот за вработување започна кога мојот колега од Brainster – Бојан, со кој заедно работиме сега, ме предложи како кандидат за вработување. Од Аtis ме контактираа и закажавме техничко интервју и решавање задачи. Сето тоа го поминав одлично, и по две недели ја почнав мојата нова кариера како full time Front-End Developer.

 

Како изгледа еден твој работен ден?

Секој ден ми започнува прилично исто. Наутро се спрема кафе заедно со колегите, па продолжува со проверување на маилот каде стигнуваат новите задачи, па контактираме со тим лидерот и колегите од проектот  што треба да се среди за тој ден и што се очекува од нас. Кога имаме слободно време, на паузите со колегите играме и фудбал во канцеларија или ќе се симнеме долу на сонце, на уште едно кафе или чајче.

 

Кои се твоите главни задачи и обврски? Исто така, со кои предизвици се соочуваш на работното место и која е тајната за нивно надминување?

Јас работам со React и продолжувам сѐ што е поврзано со него за усовршување и унапредување. Работам со React Native, NextJS, Redux, TypeScript, Styled Components, SASS, и секако со постојан контакт со back-end дечките. Задачите што ги добивам знаат да бидат и доста комплицирани, а исто така и да бидат итни или со брз рок за изработка. Па, тајната би била во тоа што не се откажувам, постојано се трудам да најдам сопствено решение на проблемите. Прво би сакал јас да го решам проблемот на мој начин, но кога не е возможно, секако барам и помош од колегите и тим лидерот кој ми даваат одлични совети.

 

Како Академијата те припреми за почеток на твојата нова кариера? Дали тоа што го учеше на предавањата го користиш и на работното место?

Академијата за програмирање добро ме припреми, особено за React преку реалните проекти, Хакатонот и интересните предизвици со добрите предавачи. Основите одлично ги имав совладано на предавањата и ми беше многу полесно при учењето на нови и покомплицирани задачи од сферата на React.

 

Дали Академијата ги исполни твоите очекувања и кое е твоето најинтересно сеќавање како студент?

Моите очекувања околу начинот на учење, интензитетот и тоа што го совладав, беше одлично овозможено и организирано од страна на Академијата. Хм, па како најинтересно сеќавање ми останаа работилниците, особено дур беа пред Covid периодот, поради различниот начин на работа и контактот со колегите. Исто така, добро искуство беше и Хакатонот, каде што со тимот за доста кратко време креиравме апликација.

 

Кој е твојот совет до оние што размислуваат да започнат кариера во светот на програмирањето?

Доколку навистина се заинтересирани, јас тоа им го препорачувам бидејќи навистина вреди, особено дека знам како е да се промени кариера. Но, ќе треба да се вложи многу труд бидејќи не зависи сѐ само од Академијата и инструкторите. Секако потребна е и среќа, но мислам дека поголемиот дел зависи од тебе, колку ќе се надградиш и колку имаш желба за да го оствариш тоа.

 

Доколку сакаш да си дел од Coding заедницата и заедно со нас да градиш нови успешни приказни во 2021, дознај повеќе за Академијата тука.

На оваа Академија учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!