Во серијалот блог постови посветени на tech тимот на Brainster ни следува и приказната за Квизот за кариера и тип на личност, еден од најновите продукти на кои тимот работеше последните неколку месеци. Квизот за кариера е дигитална алатка достапна за користење за сите млади луѓе. Целта на алатката е да им помогне на корисниците да ја започнат потрагата по „вистинската кариера“, како и да ја истакне потребата од потемелно кариерно советување. Оваа моќна алатка во изминативе 2 месеца ја искористија над 9000 лица.

Поразговаравме со Илина Илиевска и Младен Алексиќ, дел од тимот програмери и наши колеги денес, кои што ја изработија алатката за кариерно насочување. Илина е front-end developer, алумни од Академијата за front-end програмирање  додека пак, Младен е full stack developer, алумни од Академијата за full stack програмирање.

 

Прочитајте што ни споделија Илина и Младен за нивното искуство и работа во Brainster на еден дигитален продукт from scratch веднаш по завршувањето на Академијата.


На почеток, да дознаеме нешто повеќе за вас:

Илина: Електро инженер, кој спонтано навлезе во светот на програмирањето. Моментално работам како front-end девелопер, и со секој нов ден ги проширувам моите знаења во мојот домен на работа. На почетокот на мојата патека на учење на нови знаења имав многу предизвици и прашања на кои денеска можам да дадам одговор, благодарение на мојата посветеност во изминатиот период на едукацијата токму овде, во Brainster.

Се одлучив за front-end девелопмент, земајќи ги во предвид моите лични карактеристики и интереси, но и препораките на луѓето во мојата блиска средина кои имаа слични искуства во IT секторот.

Младен: Младен е студент кој од секогаш сакал да стане програмер. Моментално студирам на Финки и работам part-time во Brainster. Академијата за full stack програмирање ја започнав паралелно со 4та година средно и најголемиот предизвик ми беше уморот бидејќи за секое предавање патував од Куманово, но знаењето што го добив вредеше за секое патување.

Се одлучив примарно да учам, па понатаму и да работам back-end бидејќи ме интересираше како функционира некој сајт во позадината и како се справува со огромните бази и податоците во нив, но сè уште имам желба за понатамошно усовршување.

 

Вашата кариера како web developers  ја започнавте токму во Brainster. Раскажете ни нешто повеќе за околностите и искуството до сега. Како е да се работи во овој tech тим?

Илина: Денешното модерно време во кое живееме ни овозможува со нашата дејност да бидеме флексибилни во однос на извршувањето на работните обврски. Имаме одличен тим и комуникација на високо ниво, а тоа е многу важно бидејќи меѓусебната соработка и несебичната комуникација се клуч за успешен проект од било каков тип.

Младен: Работа како web developer особено за време на пандемија дава огромна флексибилност да работиш од каде сакаш и единственото нешто за што треба да се грижиме е работата да се изврши како што треба и во дадениот рок. Во тимот комуникацијата ни е одлична, сите детали за било кој проект ги дискутираме заедно, што ни овозможува ефикасно и брзо да стигнеме до посакуваниот продукт.

Дополнително, за ефикасноста и продуктивноста на тимот е заслужен и нашиот team leader кој во секое време е спремен да ни помогне.

 

Спомнавме во најавата – откако сте дел од нашиот тим, најголем продукт на кој работевте беше „Квизот за кариера и тип на личност“. На кратко – што е Квизот, какви функционалности има и со која цел е креиран? 

Илина: Квизот како проект за мене пред сѐ беше технички предизвик, а во пракса се покажа како многу практична и олеснувачка алатка за сите оние кои што сакаат полесно да дојдат до сознаение за своите потенцијали и квалитети и да добијат насока кон што да ги фокусираат своите интереси.

Младен: Квизот е алатка за пронаоѓање на типот на личност на човекот кој ја решава, неговите јаки страни и во кои професии луѓето со тој тип на личност доминираат најмногу. Го направивме квизот со цел да помогнеме на помладите да имаат уште едно место за обраќање за да видат која кариерна насока им одговара најмногу.


Какво е чувството да ја имаш можноста да работиш на продукт from scratch до негово лансирање? 

Илина: Да претвориш нешто од идеја до реална алатка, која што ќе биде многу корисна и практична за сите што во иднина ќе ја користат, е прекрасно и е голема сатисфакција пред сè.

Младен: Самата идеја ја дава најголемата мотивација да дадеш сè од себе и нема подобро чувство кога продуктот ќе се лансира и секој ден ќе гледаш како бројот на корисниците се зголемува. До сега, нешто повеќе од 9000 млади лица го имаат решено овој квиз што нам уште повеќе ни докажува колку добра работа сме направиле.

 

Тимот на Brainster знае, но не и читателите – Квизот за кариера и тип на личност го добивте како предизвик за време на вашата практикантска програма. Потоа и се вработивте, па истиот прерасна во поголем продукт од очекувањето и претрпе доста промени. Хајлајтирајте ни ги најбитните моменти од овој процес: 

Илина: Самиот процес на создавањето на квизот ми беше интересен и предизвикувачки, но откако направивме целосно фунционален продукт ми стана и реалност. Со создавање на секој продукт, неминовни се промени во текот на процесот на неговото создавање.

Една од поголемите промени која ја направивме е што на веќе изработен user interface заклучивме дека можеме многу подобро од тоа и одлучивме да го ре-дизајнираме продуктот во целост. Со ова, на крај добивме продукт кој што може да заинтригира со модерен дизајн и разни функционалности и е во линија со сите алатки за кариера кои Brainster (ќе) ги лансира. 

Младен: Создавањето на квизот ни беше нешто ново на сите, нов тим, нов начин на работа, нов продукт. Примарната цел на почеток беше тимската работа и аплицирање во пракса на она што до тогаш го знаевме, но како се развиваше проектот така стигаа и нови идеи кои одеднаш го направија да биде ултра-вреден продукт со поголема цел од примарната и продукт кој е дел од поголемата слика – кариерно насочување на млади.

Главните промени беа тоталната промена на дизајнот и дополнителни функционалности на квизот кои ги додававме on-the-go и со кои, како тим, успеавме да се справиме соодветно. Интересно нешто за функционалноста на квизот е тоа што: прави пресметки кои прашања корисниците ги одговараат потешко или се потешки за разбирање, евидентира колку време се задржуваат на прашање и колку пати се навраќаат на конкретно прашање. Ова овозможува континуирано подобрување на продуктот и адаптација согласно потребите на корисниците.

 

Со кои технологии е кодиран квизот? Дали знаењето што го добивте на Академијата беше соодветно за работа на еден ваков продукт? Што дополнително научивте во процесот на работа на продуктот?

Илина: Во процесот на изработка на продуктот, првенствено ми се овозможи прилика да работам во тим во буквална смисла на зборот каде секој од нас имаше свои работни задачи и свој домен на работа. Сепак, неопходно беше и сите да бидеме синхронизирани, тоа е клучно за текот на работата.

Front-end панелот е работен во ReactJS, а знаењата добиени на Aкадемијата за front-end програмирање беа сосема доволни за да впуштам во мојот прв проект во рамки на професионален ангажман после завршување на Академијата.

Младен: Како што спомна Илина, самиот Front-end на квизот е работен во ReactJS, а Back-end е работен во Laravel. Целото знаење што го имав за Laravel го добив од Aкадемијата за full stack програмирање. Во рамки на Laravel модулот ја изучувавме најновата верзија, па не ни беше потребно доучување за да го започнеме проектот.

Сепак, битно е да се напомене дека програмерските јазици се развиваат со огромна брзина, па затоа секоја недела добивавме нови материјали за да сме во тек на најновите промени и постепено да се усовршуваме како програмери.


Неминовно е да ве вратиме во деновите кога бевте наши студенти на Академијата за програмирање. Која е најбитната лекција што ја научивте?

Илина: Би сакала да бидам кратка и концизна во давање одговор на ова прашање – Да верувам во себе и во наставниот кадар на Brainster. Да не се откажувам дури и кога мислам дека е најтешко бидејќи со доволно вложен труд и посветеност, решенијата на предизвиците и позитивните резултати ќе дојдат сами по себе.

Младен: Најбитното нешто што го научив на Академијата за full stack програмирање освен програмирањето, беше начинот на гледање на работите. Иако на почеток не знаеш ништо за областа во која си решил да се едуцираш, со вложување на труд можеш да постигнеш сè и секоја пречка што ќе се појави (бидејќи тие се неминливи) да не ја гледаш како проблем туку како можност за подобрување.

 

За крај – ваша препорака до сите оние кои размислуваат да направат кариерна промена и насочување во сферата на web development?

Илина: На сите што размислуваат да направат промена и да го одберат програмирањето како нивна идна професија, би им препорачала да не отстапуваат од таа идеја затоа што тоа е единствен начин со кој што сигурно ќе направат нешто добро за себе и својот кариерен и професионален развој.

Младен: За кариерна промена не можам баш да зборувам бидејќи уште имам 19 години и оваа ми е прва кариера, но можам да кажам на сите што се сè уште во средно или на факултет дека програмирањето е професија на иднината и секој кој има желба да стане програмер треба што поскоро да почне со реализација, односно претворање на таа желба во реалност.



Доколку сакаш да си дел од Coding заедницата и заедно со нас да градиш нови успешни приказни во 2021, дознај повеќе за Академијата тука.

На оваа Академија учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

10 Компании. 100 Студенти. 1000€ Ваучер.