Овој текст е дел од серијата бесплатни лекции од Brainster во категоријатa Project Management. Регистрирај се за уште 60 бесплатни лекции за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.

Додај повеќе часа во твојот ден. Времето е пари, па така искористи го максимално and hustle!

Постојат безброј начини да се изгуби време. Можеби скептично гледаш на тоа дека можеш подобро да го менаџираш, но кога ќе погледнеш колку добри алатки постојат, сфаќаш дека секоја заштедена минута во твојот ден е драгоцена.

Ти предлагаме неколку алатки за продуктивност кои ќе ти помогнат да го победиш часовникот.

Asana

Oдлична алатка за следење на работата на тимовите. Можеби не е многу соодветна за самостојна работа, но овозможува подобра синхронизација и организација со твојот тим. Лесно се следат и делегираат задачи на секој во тимот. Супер е за следење на крајните рокови и достигнување на целите на тимот. На почеток имате Free trial за користење, а потоа се плаќа 21$ за 5 членови во тим, а со зголемувањето на членови во тимот се зголемува и цената.

Toggl

Eдноставна алатка за следење на време. Кликни на Toggl копчето и твојот тајмер започнува. Многу лесно можеш да го следиш времето што е потребно за извршување на секоја задача поединечно. Исто така можеш да ги гледаш извештаите и да следиш колку време си потрошил за различни проекти во текот на неделата. Супер начин за секој член од тимот постојано да ја подобрува ефикасноста.

Trello

Trello ќе ти помогне подобро да се организираш. Овозможува додавање на списоци и етикетирање на задачи кои мораш да ги завршиш. Без разлика дали си на работа, дома или некаде измеѓу, едноставниот и флексибилен дизајн на Trello, овозможува многу полесно да соработуваш со твојот тим и да организираш буквално сѐ, од секојдневните обврски, па сѐ до годишниот одмор.

Teamgantt

Постојат многу софтверски решенија кои не се доволно ефикасни. Можеби ќе ти помогнат да управуваш со листа на задачи и да комуницираш со твојот тим, но лесно е да ја изгубиш големата слика за проектот. Teamgantt одговара на прашањето: На каков пат е проектот и колку е зафатен секој од тимот кој работи на проектот? Тоа ќе ти помогне да ја планираш големата слика и да ја извршиш со твојот тим во само една интуитивна алатка.  

Google Drive

Google Drive го прави многу полесно споделувањето и уредувањето на низа датотеки. Членовите на тимот може да комуницираат, да споделуваат белешки од документот и да го уредуваат online. Бесплатно е, брзо, и едноставно не треба да се пропушти.

Pocket

Наиде на интересна содржина, а не можеш да ја погледнеш во моментот, па потоа трошиш драгоцено време дури ја најдеш? Тука може да ти помогне Pocket–мала и интересна апликација, која ти овозможува да зачуваш одлична содржина (статии, слики, видеа) за да ја провериш подоцна. Едноставно притисни го копчето Pocket и содржината оди директно во твојот џеб. Pocket се синхронизира на сите уреди, па содржините кои те интересираат можеш да ги проследиш во време кое тебе ти одговара, без да ги пребаруваш.

 

 

Што сакаш да научиш следно? Одбери ја темата која сакаш да ја истражиш, и со брза регистрација стигни до 60 бесплатни лекции кои ќе ти пристигнат на е-mail.

Платформата Brainster лекции произлезе од неколкумесечната едукација преку работа на реални проекти на нашите студенти. Учесниците од Академијата за програмирање и учесниците од Академијата за маркетинг ја креираа оваа алатка преку која секој може да стекне вештини за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.