Академијата за програмирање одблиску е серијал на текстови преку кои на потенцијалните студенти им опишуваме што се случува кога ќе одлучат да променат кариера и да станат наши студенти. Четвртиот текст е за подготвителната програма на академијата.

 

Пред да почнеме со објаснување, на кратко да ви кажеме за академиите за програмирање. Имаме 2 академии за програмирање, Академија за Front End програмирање и Академија за Full Stack програмирање. Академијата за Front End е со времетраење од 35 недели, а Aкадемијата за Full Stack трае 40 недели. Во тие 35, односно 40 недели студентите имаат по 4 средби неделно. 2 пати неделно предавања по 2.5 часа, 1 неделно менторска средба од 1 час и викенд работилница која трае 4 – 5 часа. Повеќе детали за 1 работна недела на академијата ќе објавиме во некој од следните текстови.

 

Е сега, за подготвителната програма. Подготвителната програма е најмногу наменета за студентите кои немаат предзнаење, а сакаат да започнат кариера како програмери. Подготвителната програма на Brainster е бесплатна и со времетраење од 2 месеца. Генерално, преку видео материјали и материјали за читање ги запознаваме идните студенти со материјата и сè она што допрва ќе го учат на Академијата. На почеток се запознаваат со основите на HTML, CSS, Java, Git & terminals а потоа им следуваат и неколку вежби кои им даваат real feel за понатамошните реални проекти кои ќе треба да ги изработуваат во рамки на програмата на Академијата.

 

За подготвителната програма студентите ја користат дигиталната платформа за учење на Brainster преку која имаат пристап до огромен број на материјали од областите кои ќе ги учат, но и од блиски и слични области.

 

Тоа што сакаш да станеш програмер, а немаш предзнаење, не е никаков проблем. Те чекаме на Академијата за програмирање.

Ако си лице на возраст од 18 до 29 години, дознај како можеш да искористиш ваучер за да учиш програмирање ОВДЕ.