Академијата за програмирање oдблиску е серијал на текстови преку кои на потенцијалните студенти им опишуваме што се случува кога ќе одлучат да променат кариера и да станат наши студенти. Првиот текст е за реалните проекти на академијата.

 

Пред да почнеме со објаснување, накратко да ви кажеме за нашите академии за програмирање. Имаме 2 академии за програмирање, Академија за Front End програмирање и Академија за Full Stack програмирање. Академијата за Front End е со времетраење од 35 недели, а академијата за Full Stack трае 40 недели. Во тие 35, односно 40 недели студентите имаат по 4 средби неделно. 2 пати неделно предавања по 2.5 часа, 1 неделно менторска средба од 1 час и викенд работилница која трае 4 – 5 часа. Повеќе детали за 1 работна недела на академијата ќе објавиме во некој од следните текстови.

 

Е сега, за реалните проекти. Уште пред 5 години како дел од академијата за програмирање воведовме учење преку работа на реални проекти. Студентите на нашите академии изработуваат 3 реални проекти. Првиот проект кој се изработува 6 недели се работи во група, а другите 2 кои се изработуваат по 8 недели се работат самостојно. Секој од студентите добива спецификација во која има детали што точно треба студентот да изработи и кои се роковите за изработка. Студентите имаат постојана помош од инструкторите и асистентите при изработка на проектите.

 

Секој начин на учење има недостатоци и предности. Па така во овој начин на учење за недостаток се смета тоа дека може да  биде стресен за студентите затоа што има рокови кои мора да се почитуваат и исто така има финално оценување на проектите. Некои студенти не се снаоѓаат добро кога работат под притисок, но тоа повеќе не им претставува проблем,  бидејќи постојано имаат помош од инструкторите и целиот тим на Brainster.

 

Сепак, работата на реални проекти и овој начин на учење има повеќе предности од недостатоци, па така кога ќе прашате искусен програмер кој е најдобриот начин да научите програмирање сигурен сум дека ќе ви кажат дека е преку работа на реални проекти – пракса. На почетокот имавме 4 групи на програмери, 2 групи кои учеа и  паралелно работеа на реални проекти, и 2 групи кои учеа само со предавања и вежби. Разликата во квалитетот и она што го имаат научено, беше неспоредлива. Групите кои работеа на реалните проекти беа поспремни за почеток на нова кариера.

 

Освен сертификатот за завршена академија студентите преку проектите го составуваат и своето портфолио. При аплицирање за работа секој од дипломираните студенти има портфолио од минимум 3 изработени проекти. На ваков начин студентите учат уште 3 многу важни работи, работа во тим, работа под притисок и проектен менаџмент што секако ќе биде потребно по завршување на академијата.

 

Да сумираме, и покрај тоа што ваквиот начин на учење може да биде на моменти стресен, решивме да продолжиме со реалните проекти бидејќи тука сме да научиме, а не за да биде лесно.

 

Еве неколку примери од реалните проекти на кои работеа нашите студенти:

 Апликација за клиент Colony

HR Tools е проект изработен од наши студенти за клиентот Colony. Досега има илјадници корисници во повеќе од 27 држави.

 

Прво наградена апликација за глувонеми лица

Komunicira.me e aпликација изработена од наши студенти за која компанијата ја доби националната награда за општествено одговорна компанија за 2019 година. Преку 1.000 корисници.

 

Интерактивна апликација за клиент Laika

Infographic изработен од наши студенти за клиентот Laika. Корисници од 4 држави на Балканот. Направен од почетници програмери, а наменет за искусни програмери.

Ако сето ова не ве исплаши, се гледаме на Академијата за програмирањe.