Уште на самиот почеток на Академијата за дигитален маркетинг знаевме дека од тука ќе излезат спремни дигитални маркетери кои ќе ја искористат секоја шанса за покажување на стекнатите вештини.

Преку работа на реални проекти, многу предизвици и домашни учесниците понудија нови и свежи решенија за многу успешно реализирани идеи во иднина. По завршувањето на Академијата, дигиталниот маркетинг стана нивна примарна професија. Да се потсетиме на дел од нашите студенти.

Уписите за Академијата се во тек. Види ја програмата тука. 

Сара Ацевска – дизајнерка која реши да воведе нова димензија на нејзината професија: маркетинг. Моментално работи на голем проект каде целосно води маркетинг кампања, а на Академијата докажа дека е најдобра за Content Marketing.

Јована Јовановска – Од work from home до дел од тимот на софтверската компанија DoxTeam каде успешно ги спроведува вештините стекнати на Академијата за дигитален маркетинг. Ги совлада сите предизвици на Академијата, но дефинитивно најдобра е со e-mail marketing.

Драгица Додевска – по примерот на успешните side проекти на Brainster, Драгица за Inbox создадe три side-projects кои ќе бидат реализирани во блиска иднина. На финалниот проект имаше најдобар case study за автоматизаиција на мејлови и најдобра презентација на истиот.

Марија Димитрова – омилен и е секој дел од дигиталниот маркетинг и многу успешно владее Paid Facebook и Instagram, како и креирањето Search и Display кампањи. Ужива во copywriting.

Сара Илиевска –  секогаш спремна со одлични прашања и една од најактивните учесници на Академијата. Пофалби за нејзината одлична презентација на финалниот проект, каде покажа како треба да размислува еден добар дигитален маркетер.

Драган Шаренковски – топ рангиран фриленсер на Upwork и мастер за аналитика на Академијата за дигитален маркетинг. Најдобар за SEO и Google Ads.

Марија Секуловиќ – како од минимален бриф, може да се подготви целосна маркетинг стратегија? Прашајте ја Марија за тоа. Уште во првиот месец на Академијата, стана дел од тимот на Vrootok каде успешно работи маркетинг кампањи и стратегии.

Љубица Шоповска – Бубе е пример за уште една кариерна трансформација која максимално го искористува дигиталниот простор за креативно изразување. Најдобра во водење на социјални медиуми и изнаоѓањето на out of the box пристапи за успешно водење на маркетинг кампањи.

Маја Новаковска – по завршувањето на Академијата, Маја веднаш стана дел од тимот на Vrootok. Се покажа како одличен студент и имаше одлични решенија за зададените предизвици, особено за Search Engine Optimization.

Мила Павлеска – По завршување на Академијата и модулот е-mail маркетинг, сфативме дека Мила дефинитивно е една од идните маркетинг нинџи. Освен разработката на успешни маркетинг стратегии, Мила е мастер за e-mail marketing.

Бранко Настевски – недостатокот на практични вештини кај формалното образование, Бранко го надополна со започнување нова дигитална кариера, каде покажа дека е одличен за content writing.

Фросина Полазаревска – студентка по архитектура која заплови во светот на дигиталниот маркетинг. Најдобра во креирање графички решенија и развивање стратегии и пораки кои стојат позади графичкото решение.

Евгенија Поповска –  ако зборуваме за успешна продажба преку максимално искористување на маркетинг каналите, таа дискусија и припаѓа на Евгенија.

 

Академијата за дигитален маркетинг започнува на 15 октомври. Аплицирај тука.