Погледнете ја атмосферата на курсот Adobe Photoshop за почетници
Овој пат би сакале да ви ја претставиме атмосферата на курсот Adobe Photoshop за почетници. Поради голема заинтересираност за овој софтвер, курсот го организиравме 3 пати и беше посетен од над 50 учесници кои се стекнаа со нови креативни вештини и добија сертификати за успешно завршен курс.
Најпрво ги научивме основните функции на програмата кои се неопходни за да ги едитираме и подобруваме фотографиите. Во текот на курсот преку реални примери ги поминавме процесите на повеќе типови на едитирање. Потоа и самите учесници преку практични вежби работеа со алатките кои беа користени. За секоја вежба беа обезбедени соодвети фајлови, фотографии и упатства. И сето тоа под директен мониторинг и менторство од инструкторот Кика Авеиро. Погледнете низ фотографиите каква беше атмосферата на курсот Photoshop за почетници:
Што научивме на курсот Adobe Photoshop за почетници:
Покрај запознавањето со интерфејсот на програмата, секој учесник го помина процесот на сечење и менување на димензиите на фотографиите. Научивме како да го подесуваме изгледот на фотографијата (контраст, светлина, итн..). Имавме за задача да ретушираме фотографии, да бришеме објекти (ова беше ептен интересен дел) и едитирање и бришење на позадината. Имавме и можност да се изразиме креативно па пробавме да цртаме и дизајнираме во Adobe Photoshop. Си игравме со филтери, маски, фонтови, blending опции и останати кул графички елементи.
За кого е наменет овој курс:
Со оглед на тоа што курсот Adobe Photoshop за почетници го започнавме со најосновните елементи и функции, им го препорачуваме на сите кои немаат никакво познавање од овој софтвер. Исто така препорачливо е и оние кои се почетници да го посетат бидејќи ќе имаат можност на интензивен и креативен начин да стекнат дополнителни вештини. И секако може да ни се придружат и оние кои долго време не работеле во програмата и сакаат да се потсетат и да започнат да ги создаваат своите замисли.
По завршување на кусот сите учесници добиваат сертификат како и краток Потсетник на македонски јазик кој ќе ви помогне во понатамошната работа.
Овој текст е објавен во категоријата Графички дизајн и ги содржи следните клучни зборови: Adobe Photoshop, курс за Photoshop, графички дизајн, курс, фотографија