Adobe Illustrator – курс за почетници
Поради голем интерес за програмата Adobe Illustrator од страна на учесниците на курсот Графички дизајн за маркeтери + Illustrator, со инструкторката Кика Авеиро одлучивме да организираме нов курс кој ќе биде наменет само за овој софтвер.
Овој курс е наменет за сите оние кои немаат никакво познавање од програмата, учесници кои долго време не работеле па сакаат да се потсетат, како и за сите оние кои сакаат да започнат да ги создаваат своите креативни идеи.
Курсот траеше вкупно 24 часа распределени во 6 дена и на крај секој учесник доби сертификат и потсетник на македонски јазик кој ќе им помогне во понатамошната работа. Самата програма беше интерактивна па секој учесник имаше можност да работи на проекти и да изработува комплетни дизајни. Всушност може и да погледнете неколку фотографии кои ќе ви откријат како си поминавме на овој курс – Illustrator за почетници
Што правевме на курсот Adobe Illustrator за почетници?
Најпрво се запознавме со интерфејсот и работните површини на програмата. Имавме практични вежби каде работевме со селекција, копирање, подредување и употреба на pen tool. Креиравме објекти, учевме кои се принципите за изработување на лого, научивме како се користат ефектите и како се креираат илустрации. Работевме со маски, композиции и до крајот на курсот сите учесници имаа изработено комплетен дизајн.
Според тоа што го научивме, односно ги откирвме сите можности кои ги нуди софтверот Adobe Illustrator, можеме да видиме зошто е ова омилената алатка на дизајнерите и маркетинг агенциите.
Зошто да се запишете на овој курс?
Доколку имате потреба од креирање на маркетинг кампања во чиј склоп треба да се изработат веб и принтани материјали, флаери, постери, билборди тогаш ви препорачуваме да го посетите овој курс кој ќе се одржи повторно во август, за да си ја олесните понатамошната работа. Ќе имате слобода да ги материјализирате вашите креативни идеи и да бидете ефективни во креирањето дизајни, логоа и останати графички елементи.
Овој текст е објавен во категоријата Графички дизајн и ги содржи следните клучни зборови: Adobe Illustrator, курс, маркетинг, бизнис, обука, дизајн