Brainster наполни 4 години: Eве што научивме по пат

I love this game! 4 години, водејки 3 бизниси, не би го заменил ова за ништо. Сфатив дека многу ја сакам оваа игра, сакам да креирам, сакам да се фокусирам на создавање на можности за раст на сите луѓе во компанијата кои се подготвени да го направат тоа со мене.

Оваа година научив дека сакам мојата работа да биде слика на начинот на кој сакам да го живеам животот.

Традиционално, наместо огномети и кафани решив да го споделам она што го научивме изминативе 12 месеци. Но, овој пат ќе биде лично. Овој пат ќе биде она што ЈАС го научив. Мојата реалност или барем перцепција за измината година во Brainster.

Ги немам сите одговори, само сум посветен да креирам, да го споделам процесот и сѐ што учам по пат. Мојата мисија е процесот на учење и создавање да биде транспарентен.

Она што сакам да го споделам со заедницата е дека со воведувањето на овој менталитет не само што го споделувам наученото и идеите, туку давам шанса сето тоа да биде подобрено, променето и развиено. Верувам во нашите проекти и се надевам дека ќе патуваат.

Па еве како јас го менував процесот на градење на нашата компанија изминативе 12 месеци.

1.Работи на бизнисот, не во бизнисот – Најтешката одлука за секој лидер на компанија!

More, harder, faster беше основата на моето работење. Не само што работев Crazy hours туку и овој пристап го промовирав како единствен и неопходен. Епа сите што го прифативте мојот совет од пред некоја година, простете, погрешен е. Многу погрешен. Fuck Crazy Working Hours!

Од 80 работни саати неделно преку ноќ почнав да работам по максимум 40 саати неделно. И знаеш што се случи? Ја имав најдобрата година. Со 40 саати неделно успеавме да имаме 125% раст на Brainster и да лансираме 2 нови компании. Знаеш како? Не работев во бизнисот, работев на бизнисот.

Се повлеков надвор од секојдневното работење, бидејки за да можеш вистински да водиш мора да имаш време за да мислиш. Ги поставив вистинските луѓе на вистинските позиции. Сега мојот успех го мерам според тоа колку помалку одлуки сум донел по квартал. Како се случи тоа? Дозволив да бидам премислен од секој еден член од тимот.

2.The right people on the bus on the right seat.

Мојот главен фокус во изминатите 12 месеци беа луѓето. Најдобрите луѓе на вистинските позиции.

Кога станува збор за вработување на нови луѓе приоритет #1 е како тој човек ќе се вклопи со нашите вредности. #2 е Learning curve, односно каква е способноста на новиот член да учи нови работи и да се адаптира на промените. #3 е да верува во IMPACT-от што го создаваат нашите компании.

Ние не сме компанија која верува дека треба вработените да ги анимира со пинг-понг маси, флипери и играчки во канцеларија. Не е ова нашиот начин преку кој ќе ги мотивираме луѓето да работат со нас.

 Ние сме компанија која верува во своите вредности и култура на работење. 

Верува дека на своите вработени треба да им даде целосна независност и слобода во работењето, предизвикувачки проекти, работна средина без стрес. Да им дозволи да влијаат на процесот на креирање во секој даден момент.

И запомни, култура на работење не се создава преку ноќ. За нејзино создавање е потребно време и константна работа.

Brainster akademii

3.Сакам да работам онака како што живеам. Затоа е многу важно вредностите по кои живеам да се во согласност со вредностите на компанијата.

Оваа година направивме најважен чекор досега, а тоа е да создадеме тим кој заеднички ќе гради компанија од која ќе сака да биде дел.

За мене вредностите се #1 информација која ја споделувам со луѓето во компаниите во кои работам. Вредностите ја отцртувааат сликата за тоа како сакаш да го смениш светот преку својата компанија, продукти и тим кој го создаваш.

Вредностите одговараат на прашањето: Каква е компанијата од која сакаш да бидеш дел? Каков е светот од кој сакаш да бидеш дел? Кој е процесот за да стигнеш до таму?
Јас и мојот тим ги дефиниравме вредностите кои ќе бидат темел на нашата компанија и светот кој заедно сакаме да го градиме.

Нашите вредности се: Have Empathy, Always Learn, Execute with Speed, Create WOW, Be Bold, Ask why.

4.Постојаната транформација е дел од нашите вредности како компанија.

Трансформацијата е дел од мојата животна филозофија.

Јас верувам дека компаниите веќе немаат опција да бираат дали да бидат дел од дигиталната трансформација или не. Дигитализацијата не си оди. Фактот е дека ќе забрза. За да останеме релевантни мора да ја промениме играта. Мора да се движиме брзо. Бидејки нема големите да ги надвладеат малите туку брзите ќе ги поразат спорите.

Стратегијата во Brainster е следна:

Постојано се фокусираме на малите подобрувања кои ни даваат кислород и време за големите промени како создавање на нови компании (Laika и Colony) и проширување на портфолиото на производи, релокација на ресурси, проширување на нови пазари.
Но, исто така верувам дека трансформацијата нѐ тера секогаш да тргнеме од себеси.
Да ги најдеме вредностите кои сакаме да ги зачуваме. Вредностите кои ќе бидат темелник на иднината која сакаме да ја градиме. Тоа се оние вредности за кои не правиме компромис. Вредностите кои ќе бидат секогаш она кое нема да се менува во секоја наша трансформација која следува и е неизбежна.

Related Stories For You