Се будиш во град во кој не си бил порано. Имаш само неколку саати работа и потоа го користиш твоето време во откривање на локалната култура. Тоа може да биде ден на еден фриленсер.

Фриленсингот дава различни можности

    • Флексибилноста е една од работите којшто ја прави фриленсерската работа атрактивна. За разлика од синдромот на работа од 9 до 5, фриленсерите се самите тие којшто си ја одредуваат работната недела. Тие често имаат и слобода во изборот на местото на работење. Тие можат да работат од дома, од кафе бар или од несекојдневна локација како планина или на плажа.
    • “Сам свој газда” животен стил е често мотивацијата по којашто фриленсерите се впуштаат на ваков предизвик. Фриленсерите немаат надреден и тие сами одредуваат со кого сакаат да соработуваат.
    • Можноста за поголема заработка! Самите фриленсери имаат желба да учат да бидат подобри и попродуктивни, и да ја оптимизираат својата работа. Со тоа има повеќе проекти. Поквалитетна работа значи и поголем хонорар.

Кои се предизвиците кои стојат пред фриленсерството

  • Добро изградена мрежа

Добро изградена мрежа е една од неопходните работи за успешна фриленс кариера. Изградените контакти носат нови проекти, како и идеи за подобрување на работата.

  • Менаџирање на сопствени рокови за работа

Роковите коишто ги поставуваат твоите клиенти не се проблем. Секој фриленсер си поставува сопствени рокови. Овие мали задачи вклучуваат маркетинг на твојот бизнис, поставување на вебсајт, како и пријавување на даноци се потешки да се менаџираат. Добрите фриленсери ги владеат овие вештини.

  • Работниот ангажман не стига на врата

Фриленсерот посебно на почеток ќе треба да помине голем број од времето во маркетирање, наоѓање работа и договарање за соработка.

S3JE5YAMND

  • Не се плаши да се избори за себе

Добриот фриленсер знае која е неговата цена и не се плаши да ја искомуницира неговата вредност.

  • Имање заштеда за да се опстои

Пред целосно впуштање во филенсерска авантура, имање на доволно средства би биле од голема помош. Тие средства ќе помогнат да се задржи фокусот во развивање на фриленсерската работа во првите месеци без товар на грижи за плаќање кирија.

  • Работа во изолација

Фриленсерството е индивидуална работа и вклучува работење од домашна атмосфера. На фриленсерот му фали работно опкружување со луѓе со слични идеи. Funky Coworking Friday е еден од настаните кои секој петок се случуваат во Скопје и е можност за фриленсери да работат во заеднички простор со други креативци.

DSC_0866 (1)

Funky Coworking Friday во Скопје

  • Гладен да успее

Можеби ова е и најважното. Фриленсерството мора да се посакува. Фриленсингот не е мрзлива работа или начин да се наспиеш убаво. Фриленсерството значи да посакуваш да направиш име за себе, да се избориш за слобода, и тоа да го посакуваш сега.

Дали вреди да се почне?

СЕКАКО. Ако размислуваш да почнеш со фриленсерство, тогаш треба да фриленсаш. Секако, ти мора да водиш, да имаш самодоверба и да си независен. Треба да ги преземеш работите во свои раце. Почни од денес!