Стекнете продажни вештини и затворете ја продажбата во 5 чекори

Како да ги зајакнете вашите продажни вештини?

Доколку  за вашата работа е потребно да имате продажни вештини, сигурно сте заинтересирани да го дознаете одговорот на ова прашање. За оваа цел креиравме дводневна работилница на која ја откривме тајната која ги мачи многумина чија работа се движи во оваа област.

Низ неколку чекори беа прикажани најважните фактори кои влијаат на реализација и затворање на продажбата. Методологијата на обуката беше интерактивна и партиципативна, со користење на практични информации и знаење за подобрување на вештините за продажба. Ѕирнете како поминавме на курсот Јакнење на продажните вештини: затворање на продажба во 5 чекори

 

 Што научивме на курсот Зајакнете ги вашите продажни вештини:

Научивме како да воспоставиме иницијален контакт со купувачите и како да изградите доверба со нив.Се запознавме со психолошките карактери на купувачите, дознавме како да ги читаме сигналите на телото (body language) што ги праќаат и како да се поставиме со секој од нив, со цел да извлечеме максимум од секоја продажба. Ги научивме најважните алатки преку кои ќе можеме да воспоставиме контрола во процесот на продажба. И, најважно од сенаучивме како да се справиме со емоциите кои всушност претставуваат најголема бариера кај секој продавач.

Низ оваа дводневна обука беа користени примери кои се генерално од личното искуство на обучувачот, со посебен осврт на 2та бренда – MAMA’s (традиционални Македонски рецепти) и TIP OF THE WEEK (прирачник за личен и професионален развој).

Имавме интересни и конструктивни дискусии и размена на мислења во однос на поставените прашања. Имавме презентација на теоретските аспекти на модулите; разменување на  искуства и нивна примена во актуелните услови на работењето на учесниците.

Плус, секој од учесниците доб бесплатен примерок од TIP OF THE WEEK#2.

Овој текст е објавен во категоријата Бизнис и ги содржи следните клучни зборови: продажни вештини, продажба, бизнис,